Калифорнија, Невада и Масачусетс ја легализираа рекреативната употреба на канабис

Калифорнија, Масачусетс и Невада го легализираа канабисот, со што потврдија дека го менуваат нивниот став кон оваа билка.

Пред изборите, рекреативната употреба на канабисот беше веќе легална во четири држави: Аљаска, Колорадо, Орегон и Вашингтон.

Со вклучувањето на Калифорнија, Масачусетст и Невада во оваа листа, процентот на Американци кои живеат во држави каде користењето на канабис е легално за возрасни се искачи од пет проценти на 20.

Претставникот на Демократите во Орегон, Ерл Блуменауер, кој воедно е и поддржувач на легализацијата, рече дека гласовите ќе бидат дополнителен притисок врз владата да го третира канабисот како алкохолот, дозволувајќи и на секоја држава да одлучи како ќе го регулира.

„Новата администрација нема да сака да ја продолжи оваа токсична и непродуктивна војна против дрогите“, рече Блуменауер.

Законодавците сега имаат до една година за да ги постават неопходните правила за регулирање на индустријата со марихуана. Со усвоениот предлог, им се дозволувана сите кои имаат над 21 година да користат марихуана во своите домови и можат да поседуваат до 28.5 грама марихуана, како и да растат до шест растенија во своите домови, се додека ова го прават во затворено.

Предлогот, исто така, и дозволува на државата да зема даноци врз основа на одгледувањето и продажбата на марихуаната, а градовите и општините во сојузната држава да ја одредат нивната висина.