Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и демократската кандидатка Камала Харис на 10 септември ќе одржат телевизиска дебата на Еј-би-си.
„Потпретседателката Харис и поранешниот претседател Трамп ни потврдија дека ќе учествуваат во дебатата на ABC“, објави телевизијата.
Претходно, на 8 август, на прес-конференција во Флорида, Трамп предложи да се одржат три дебати со Харис во текот на септември.
Трамп требаше да одржи втора дебата со актуелниот претседател Џо Бајден, кој се повлече од трката за втор мандат.
Американската потпретседателка Камала Харис официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија на 5 август, како резултат на онлајн гласањето на Демократскиот национален комитет.