Под мотото „Камерна бајка“ во Македонската филхармонија во четврток, ќе бидат изведени „Кончерто да камера“ од А. Онегер и „Камерна симфонија“ од Д. Шостакович.
Изведбите ќе бидат под диригентската палка на Конрад ван Алфен од Холандија, а ќе настапат солистите Елена Дојчинова на флејта и Владимир Лазаревски на обоа.
Настанот ќе започне во 19 часот, а ќе бидат запазени сите мерки и протоколи.