Кампањата за зачувување на лондонскиот клуб Фабрик за четири дена собра над 100 илјади фунти

Акцијата за спасување на лондонскиот клуб Фабрик започна минатиот петок и за само четири дена се собрани над 100 000 фунти.

Донациите се дел од кампањата #saveourculture („Да ја спасиме нашата култура“), пари кои се потребни за да се плати жалбата и судските трошоци во борбата за враќање на изгубената лиценца за работа.

Според страницата за кампањата, „клубот не го негира трагичниот факт дека двајца починале по посета во клубот“, но во продолжение, се вели дека лондонскиот клуб е создаден како сигурно место кое спојува луѓе.

„Сакаме да научиме, ќе се трудиме повеќе, како и секогаш. Го започнавме ова за да создадеме сигурно место, дом, а не супер клуб. Работата е во тоа што Фабрик сите не соединува, обединува раси, полови, доби и сексуални преференции во брилијантни заедница. Инвестирамо во најдобрите журки, технологија, интериер и визуелен дизајн, а нашите вработени и безбедност се водечки во индустријата“, се вели во кампањата.

Потенцијалните донатори се замолуваат да размислуваат за својата донација како замена за влезници кои би ги купиле во последните шест недели. Организаторите на оваа кампања велат дека собраните средства ќе бидат искористени за одржување на тимот и клубот додека се подготвува правната битка за, како што велат, да се сопре полициската репресија.

Меѓу првите донации, беше и онаа на познатиот пост-рок и електронски музичар Four Tet, кој донираше 1 000 фунти, а во последните четири денови биле собрани 117 773 фунти.