Жителите во градот Јелоунајф на северот на Канада се евакуираат поради брзото ширење на шумските пожари, соопштија локалните власти.
„За жал, ситуацијата со шумските пожари се влошува западно од Јелоунајф и претставува сериозна закана“, рече министерот за животна средина на северозападните територии Шејн Томпсон.
Тој нареди евакуација на 20.000 жители на градот кој се наоѓа на крајниот север на Канада. Евакуацијата треба да заврши до утре.
Канада се соочува со досега најлошата сезона на шумски пожари со повеќе од 1.000 активни пожари кои горат низ целата земја, вклучително и 230 во северозападните територии, јавува Ал Џазира.