Иранскиот корпус на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) е прогласен за терористичка организација од Канада, пишува „БиБиСи“.
„Ваквиот чекор испраќа силна порака дека Канада ќе ги искористи сите алатки што и се на располагање за да се бори против терористичкиот ентитет на ИРГЦ“, изјави канадскиот министер за јавна безбедност Доминик Лебланк.
Ова меѓу другото значи и дека секој што ќе обезбеди финансиска или материјална поддршка на ИРГЦ ќе одговара кривично. А исто така и сите средства на ИРГЦ во земјата ќе бидат замрзнати.
Инаку, ИРГЦ – елитната единица на иранските вооружени сили, има задача да ја заштити идеологијата на државата и, пред сè, да спречи државен удар.
Голем број земји од ЕУ, вклучително и Германија, се залагаат Европската унија, исто така, да ја класифицира ИРГЦ како терористичка организација.