Студентите од Универзитетот во Отава излегоа на протести поради предложеното зголемување на школарината во обид да го спречат состанокот на Управниот одбор на кој ќе биде донесена одлуката. Со оригиналниот предлог се бара покачување на школарината за три проценти во наредните четири години, вели истакнува Ен-Мери Рој, претседател на Универзитетската студентската федерација.
Околу 75 вознемирени и изреволтирани студенти успеаа да го бојкотираат состанокот на Управниот одбор уште пред да почне.
Кога видовме дека нашите гласови не се слушнати, ние упаднавме на состанокот, направивме многу врева и успеавме да го прекинеме, велат студентите.
Тие се против овој предлог затоа што така се зголемува годишната школарина за студентите по уметност за неколку стотици долари. Уште поголемо е поскапувањето за студиите по медицина, каде поскапувањата изнесуваат и по неколку илјади долари годишно. По прекинувањето на состанокот, студентите маршираа назад до кампусот привлекувајќи нови поддржувачи, пренесоа канадските медиуми.