Центарот за нови иницијативи во културата и уметноста – Локомотива од Скопје во соработка со кореографот и уметник Џастин Кабриљос утре (4 октомври) организира работилница насловена „Канали на чувства“.
Работилницата ќе се одржи во 11:00 часот во салата „25 Мај“ во Младинскиот културен центар, а освен тоа, Кабриљос ќе одржи и предавање наменето за студентите од танцовата насока на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
„’Канали на чувства’ истражува како емоциите циркулираат низ телото и е наменета за изведувачи како и за оние без искуство. Учесниците, заедно со Џастин ќе се движат користејќи слики, медитација и задачи кои охрабруваат различни начини на восприемање и отелотворување на емоционалните состојби и неименливите сензации. Практичните вежби ќе стават акцент на тоа како можеме индивидуално да се поврземе со различните емоции и чувства што се складираат/таложат во нашите тела“, велат организаторите.
Џастин Кабрилос е кореограф, танцов уметник и писател со седиште во Бруклин. Тој е резидентен уметник во за Movement Research 2017 во година. Добитник е на Greenhouse грантот во 2011 година од Dancemaker's форумот во Чикаго. Неговиот престој во земјава е дел од резиденцијата „Танц во (не)демократија“ чија цел е поттикнување на колективно размислување, размена, разговори и споделување за улогите и праксите на танцовите уметници во општествени и политички ситуации.