Популарноста на апликацијата за споделување видеа ТикТок во Франција се зголеми минатата година, особено кај помладите од 25 години. Претседателските кандидати гледаат дека ангажманот на платформата расте додека им се додворуваат на младите гласачи пред изборите кои се закажани за во април, јавува „Франс прес“.
Облечен во костум и вратоврска, актуелниот претседател Емануел Макрон го објави своето прво видео на ТикТок во јули минатата година. Од Елисејската плата тој им честиташе на средношколците кои штотуку ги добија резултатите од последниот испит.
Помалку од 24 часа подоцна, неговиот противник Жан-Лук Меланшон му се придружи на платформата.
@emmanuelmacron Si vous venez d’avoir votre Bac, ce message est pour vous ! #bac #bac2020 ♬ son original – Emmanuel Macron
@jlmelenchon Eh #Macron ! Tu hors de ma vue 🙃 #pourtoi #anissa #TikTokTutos #Melenchon #premiertiktok ♬ son original – Jean-Luc Mélenchon
Во 2022 година, оваа социјална мрежа сега станува ново бојно поле за следните претседателски избори. Заедно со Меланшон, потврдените кандидати Валери Пекрес, Ерик Земур, Марин ле Пен и Јаник Јадот сите се приклучија на ТикТок во изминатата година.
Тие не се единствените дојденци на платформата. Напливот на употреба минатата година за неверојатно кратко време ја поттикна платформата да стане една од најпопуларните апликации во Франција.
Пет години откако беше лансирана, ТикТок сега има повеќе од 6 милиони посетители дневно во Франција.
„Една третина од корисниците можеби се под возраста за гласање, но тоа значи дека две третини можат да гласаат, а тоа се уште милиони луѓе“, изјави Пол Смит, вонреден професор на Универзитетот во Нотингем.
„Ќе бидат многу тесни избори и присуството на социјалните мрежи е апсолутно витално“, додаде тој.
Првиот круг од претседателските избори е закажан за 10 април.