Одлуката на менаџментот на најголемиот британски музички фестивал, Гластонбери, да го букира хип хоп артистот Kanye West за настап како главна ѕвезда на четвртата вечер од годинешното издание на фестивалот предизвика масовни негативни реакции од фановите, кои сметаат дека со ова, Гластонбери се оддалечува од својата суштина како рок фестивал.
Организаторката на фестивалот, Emily Eavis, ја соопшти веста на својот профил на Твитер: „Пресреќни сме што можеме да ве известиме дека го имаме едниот и единствен Kanye West како главна ѕвезда на саботната вечер на сцената „Пирамида““.
Веднаш по ова, фановите реагираа, најмногу токму на Твитер – еден од нив напиша: „Ако Kanye West настапи на Гластонбери, јас ќе го вратам мојот билет. Колку шокантна идеја. Тој не припаѓа никаде блиску до Гластонбери“.
Kanye West to headline at Glastonbury has to be a joke surely? Top trolling if it is.
— Matt (@MattC_STFC) March 17, 2015
Група разочарани фанови на фестивалот покренаа и онлајн петиција насловена „Откажете го настапот на Kanye West и донесете рок бенд“, која досега, за помалку од 24 часа, ја потпишале нешто повеќе од 4.000 луѓе. Во описот на петицијата пишува: „Kanye West е навреда за музичките фанови насекаде низ светот. Ние плативме стотици фунти за да одиме на Гластонбери и затоа очекуваме одредено ниво на забава“.
Kanye West to headline Glastonbury on the Pyramid Stage, while his ego will perform on the Other Stage.
— Tiernan Douieb (@TiernanDouieb) March 16, 2015
Фестивалот претходно соопшти дека годинава ќе настапат Foo Fighters. Гластонбери собира публика од околу 135.000 луѓе секоја година.