Старите лифтови во студентските домови во Скопје и Одрид се заменети со нови. Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека станува збор за капитална инвестиција.
„Навистина исклучително значајно затоа што на овој начин ќе се подобри целокупната фреквенција и функционалност во студентските домови, а тоа пред се тоа ќе биде во интерес на студентите“, истакна Ристовски.
За замената на лифтовите Министерството за образование одвои 15 милиони денари. Како што информираше Спировски, веќе е направен технички прием на лифтовите и тие се ставени во употреба.
Притоа се сменети лифтовите во студентските домови „Кузман Јосифовски Питу“, „Гоце Делчев“ и „Пелагонија“во Скопје, како и „Никола Карев“ во Охрид, појаснија од МОН.