Во скопски „Котур“ вечерва (26 декември, четврток) од 21:30 часот ќе се одржи концерт на „Карла Левински“.
„’Карла Левински’ е бенд од Скопје кој својата инспириција ја наоѓа во авангардата на 20-иот век како летеризмот, ситуационозмот, анархизмот и панк движењето со сите негово облици“, стои во соопштението за свирката.
Но, „Карла Левински“ е повеќе од само уметничка прошетка низ современата историјата на социјалниот отпор, КС е глас на оптимизам и надеж отаде опортунизмот, цинизмот и малодушноста како општа манифестација на немоќ во односот кон доминацијата и експлоатацијата на капиталот и во овој век.
„Карла Левински“ оваа година го објави и својот деби албум за „Шарла“, како издание број 100 за овој независен лабел.
Вечерва во „Котур“ ќе настапат во состав: Сецко – гитара и вокал, Оки- гитара и синтови, Шикси – гитара и пратечки вокал, Готра- баритон гитара и пратечки вокал, Андреј- бас гитара, Салпе- семплер, ритам машина и пратечки вокал, Еди- тапани.