„Катан“ (Catan), една од најпознатите друштвени игри во светот со преку 25 милиони продадени копии, конечно ќе може да се игра и на македонски јазик. Овој светски бестселер, кој досега е преведен на повеќе од 30 јазици, од годинава официјално ќе се продава и на македонски по иницијативата на „Гоблин друштвени игри“.
„Катан“ е класика меѓу друштвените игри. Првпат беше издадена во 1995 година, а досега ја играат преку 100 милиони играчи низ целиот свет и има добиено десетици награди и признанија.
Се одржуваат и многубројни турнири, како и официјално светско првенство на секои две години.
Ова е последна од низата светски бестселери официјално преведени на македонски јазик, меѓу кои се и „Ticket to Ride“, „Dixit“, „Azul“, „Kingdomino“, „Celestia“, „The Mind“ и други.
Игрите ги преведе и ги дистрибуира првата специјализирана продавница за друштвени игри во Македонија – „Гоблин“.