Инспекторатот за животна средина на Град Скопје издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88.000 евра за нелегално фрлање отпад во Вардариште, информираат од Град Скопје.
Оттаму објаснуваат дека според извештајот на инспекторатот таму биле затекнати лица кои нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина, но и дека ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што, како што велат е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад.
Од Град Скопје се децидни дека мора да има системски решенија и дека секој мора, како што велат да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно.
„Град Скопје нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани, а секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано“, додаваат оттаму.