Триесетишестгодишниот машиновозач ја напуштил кабината за време на возење, додека патувачите биле во брзиот воз, пренесува „Independent“.
Тој се соочува со дисциплинска мерка откако ја напуштил кабината за да оди во тоалет.
Анонимниот машиновозач ја напуштил кабината на возот, кој патувал со брзина од околу 150 километри на час. Патниците биле на возот, кој бил надгледуван од кондуктерот што не бил лиценциран да го раководи возот.
За случајот се открило по жалба за доцнење на возот, кој пристигнал на дестинацијата една минута подоцна.
Машиновозачот отсуствувал три минути додека брзиот воз ја зголемувал својата брзина помеѓу реоните Атами и Мишима во југоисточна Јапонија, известува медиумот „Кјодо“.
Кондуктерот, кој исто така „заработил“ дисциплинска мерка, седел во седиштето во кабината, но не управувал со возот, изјавиле од јапонската железница.
На сослушувањето, возачот изјавил дека не се сеќава што точно се случило, освен дека почувствувал силни болки во стомакот.
Тој дополнил дека не застанал на некоја постојка бидејќи не сакал да предизвика застој. Јапонскиот јавен превозен систем е познат по својата прецизност, но возачите велат дека се под голем притисок.
Но според јапонската железница, возачите кои не се чувствуваат добро за време на патување, треба да се пријават преку оперативниот центар. Потоа, тие треба или да го сопрат возот на најблиската постојка, или пак да го задолжат лиценцираниот кондуктер како замена.
По истражувањето на случајот, јапонските железници го доставиле суспендирањето на машиновозачот до Министерството за инфраструктура, транспорт и туризамот. Од институцијата изјавиле дека жалат за случајот.
„Ова е екстремно непристојно. Се извинуваме“, изјавил Машахиро Хајатсу извршниот директор на компанијата за време на прес-конференција.