Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, во која учат над 3100 ученици, е најголемото училиште во Европа. Бројноста на учениците повеќе од една деценија предизвикува големи проблеми во одвивањето на наставата, која се изведува во три одделни објекти во градот. Поради тоа, секторот за образование во Општина Тетово најавува поделба на гимназијата на два правни субјекти.
Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми вели дека поделбата нема да се прави според етнички основи, туку според потребите на училиштето.
Погледнете повеќе за ова во прилогот на тетовската телевизија Менада: