По текстот на Миа Николовска – „Керлек“, на Академската сцена при Факултетот за драмски уметности, утре, на 18 февруари ќе се одигра истоимена претстава.
Со почеток во 20 и 30 часот, претставата е испит по предметот „Театарска режија 7“ на Александар Јовановски во класата на професорката Зоја Бузалковска.
Актерската екипа ја сочинуваат Бранко Атанасов, Изабела Јакимова, Лазар Христов и Мелика Кастрати.
Костимографијата е на Симона Даноска, сценографијата на Стефан Божиновски, а кореографијата е на Јована Зајкова.
По претставата ќе следува прослава за завршување на испитната сесија на факултетот.
Влезот е бесплатен, а сите заинтересирани треба да пополнат формулар за пријавување.