Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје (КХС) денеска го осуди вербалниот напад на вработени од претпријатието врз новинарката на новинската агенција Мета и најави дека ќе биде поведена дисциплинска постапка против нив.
Ова доаѓа откако Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти за случајот и побара дисциплинска постапка за вработените.
„Граѓаните на градот Скопје имаат право да бидат целосно и транспарентно информирани за активностите на градската администрација“, велат од Комунална хигиена.
Оттаму ги охрабруваат медиумите и јавноста будно да ја следат работата на претпријатието, додавајќи дека тие остануваат оворени и транспарентни за сите прашања.
Од ЗНМ истовремено побараа и институцијата да направи план за активности за едукација на вработените на теми од јавен интерес и однос кон граѓаните, бидејќи, како што велат, не е првпат од Комунална хигиена да реагираат на ваков или сличен начин кон граѓаните.
ЗНМ: Осуда за заканите и навредите кон новинарката Илинка Иљоска од Мета