Културно информативниот центар од Битола информира дека во свечената сала на Офицерскиот дом и Кино Манаки се одржува 4-тото издание на Форумот на УНЕСКО – Креативни филмски градови.
Форумот започна вчера со проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО, а продолжува денеска и утре со повеќе филмски проекции и дискусии.
Во продолжение програмата на Форумот за 22 и 23 ноември:
ПРОГРАМА
Ноември 22 – Ден 2
9:30 Регистрација на учесници
10:00 Воведни говори
10:30 Презентација и претставување на претставниците од филмските градови на УНЕСКО
11:30 Жените во аудиовизуелниот сектор во Бугарија и Софија – динамика на процеси во периодот 2008-2020
12:00 Кратка пауза
12:20 Презентација и претставување на домашни претставници од аудиовизуелната индустрија
13:30 Панел дискусија „Состојби и предизвици на жените во аудиовизуелните медиуми“
15:30 Средби за вмрежување
18:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО
ВРАЌАЊЕ / Кастриот Абдили/ 2018 / С.Македонија / 81′ / долгометражен игран филм
2000 година во едно албанско село. Mладиот Илир, после седум години, се враќа заедно со неговата девојка, Французинка, со која има намера да се ожени. Враќањето на Илир не внесува немир само кај неговите родители туку и кај девојката од селото, Барда, на која ѝ ветил дека ќе се ожени со неа пред да амине во странство.
20:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО
ВТОРА ШАНСА / Марија Џиџева / 2019 / С.Македонија / 76′ / долгометражен игран филм
Втора шанса испреплетува три приказни на три жени кои живеат во истиот станбен комплекс, создавајќи калеидоскопско набљудување на уникатното искуство како да се биде мајка и самопожртвуваност вклучена во носењето живот во овој свет.
Ноември 23 – Ден 3
10:00 Воведни зборови
10:15 Презентација на проекти помеѓу членките од мрежата филмски градови на УНЕСКО
11:00 Панел дискусија за можни соработки и вмрежувања
11:45 Завршни зборови
12:00 Кратка пауза
12:20 Состаноци и посета на Саемот на креативни индустрии
14:00 Посета на историски објект
18:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО
ПОРТРЕТ НА ЖЕНА (PORTRAIT OF A WOMAN) / Наталија Дуршевич / 2020 / Полска/ 5′ / краток
Приказна за жена која постои како нецелосна форма на себе. Таа несвесно поминува низ различни емотивни состојби и фази од животот. Одеднаш, нејзината вистинска природа се буди и ја принудува да се бори за ослободување. Сепак, не се знае дали таа ќе победи.
МАЧЕ (PUSSY) / Рената Гасиоровска / 2016 / Полска / 8′ / краток
Една млада девојка ја поминува вечерта сама дома. Таа решава да има слатка сесија за соло задоволство, но не оди сè според планот.
КАСТИНГ (CASTING)/ Катаржина Искра / 2017 / Полска / 20′ /краток
Една млада жена од Полска е принудена да избира помеѓу семејството и кариерата како актерка.
МАЈКАТА / Лукаш Осталски / 2013 / Полска / 30′ / краток
Политичарката Малгоржата заминува во нејзиниот дом кај езерото. На нејзиниот син, зависник од дрога, му треба нејзината помош. Малгоржата ја бара ќерка ѝ за поддршка. Дома го наоѓаат полусвесниот син на Малгоржата и масакрирано тело на млада девојка. Соочени со трагедијата, нивната врска се комплицира, откривајќи ја нивната скриена лутина. Мајката треба да ја донесе најтешката одлука во животот.
КАВАЛ / Саша Станишиќ / 2020 / С.Македонија /10′ / краток
Во едно планинско селце, едно внуче секое лето доаѓа кај баба и дедо, кадешто неговото детство се исполнува со мирисот на летото и недопрената природа. Во дворот на едното столче седи дедото и свири кавал. Му го подава на внукот кој внимателно го зема и со детска љубопитност го допира, разгледува, испитува – долг шуплив стап со неколку отвори од кои произлегува целата музика на дедо. Што ли крие тој волшебен отвор на долгата цевка? Можеби музиката е внатре? Една ноќ, по многу години, по заморната работа и чувство на осаменост, внукот решава да оди на село. Таму го нема веќе дедото – куќата е празна, а бавчата подзапуштена. На масата го наоѓа кавалот кој дедо му му го оставил. Одеднаш во него оживува заборавеното – широчината на детската слобода и радоста на животот. Седнува и на кавалот од срце ја свири езгијата на дедо му, која го оживува целиот амбиент од тој изгубен рај од детството.
20:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО
МОЛЧЕЊЕТО Е ПРЕПИШАНО (SILENCE IS PRESCRIBED) / Микел Мисе, Аитор Агире / 2021 / Шпанија / 18′ / краток
„Додека растеа, на Кристина и на Лола им беше препишана тишина. Тие послушаа и молчеа долго време, до денес. Протагонистите на овој краток документарен филм го креваат гласот за да нè доближат до нивните приказни за интерсексуалниот живот и да ги споделат своите размислувања за тела, идентитети и желба. Ослободителна можност не само за нив, туку и за сите луѓе“.
БЕЗИМЕН (NAMELESS ) / Артуро Артал Лозано, Хуан Караскал Иниго / 2019 / Шпанија / 9′ / краток
Тивкиот град ужива во фестивалот. Сè е совршено, но за М. М е поставување на цел. Тој бара плен. Тој плен е З.
БАРАЈЌИ СИ ЈА СРЕЌАТА / Марија Џиџева / 2013 / С. Македонија / 65′ / документарен филм
Осум неженети мажи започнуваат долго патување до Москва во потрага по среќа. Некои од нив успеваат да го реализираат својот сон, додека другите се враќаат со „празни“ раце.
*презентациите и дискусиите ќе се одржуваат во Офицерски дом Битола (втор кат)
**филмовите ќе се прикажуваат во киното „Манаки“