Вчера во просториите на Културно информативниот центар – Битола во Офицерскиот дом беше промовирано новото електронско списание за култура „Бели хоризонти“.
Иницијатор и автор на списанието е битолскиот ликовен критичар и уметник Владо Ѓоревски, кој е воедно и креатор на графичкиот формат на списанието.
На промоцијата беа презентирани концептот и мисијата на списанието, а беше наведено дека тоа ќе биде отворено за млади и нови автори и идеи.
Во првиот број на „Бели хоризонти“ се застапени теми како: 100 ГОДИНИ ОД УЛИС – ЏЕМС ЏОЈС, Аурел Шмит „Средба“, Хорхе Луис Борхес „Довикување на Џојс“, Џојсовиот Улис низ очите на Владимир Набоков, Портрет – ВЛАДИМИР КОСТОВ, Зоран Анчевски-Поезија, . Кратка проза- Едвард Лу „Доплер“, Зоран Пејковски-Поезија, Извадок од романот „ОПРАВДАНИЕ НА ОСТРОВОТ“ од Евгениј Водолазкин, Кирил Македонски: „Гоце“– првата македонска опера, 1954…
Од КИЦ – Битола велат дека новото електронско списание за култура ќе биде тромесечник и ќе претставува нов исчекор на младата установа во актуелизирање на културата како општествена тема и промовирање на нови автори и идеи и погледи.
Првиот број на „Бели хоризонти“ може да го најдете на следниов ЛИНК.