Кичевскиот метал бенд „Inner hate“ го издаде синглот „Vengeance will be mine“

Како најава за својот прв албум насловен „Worthless throne“, кичевскиот метал бенд „Inner hate“ го објавија синглот „Vengeance will be mine“.

„Гневот, бесот, неправдата со која секојдневно се соочуваме претставени во еден уметнички аудио израз преку кој се твори истовремено за стравот и надежта, омразата и храброста, принципите и беззаконието, вечната борба помеѓу две тврдини, два фронта, доброто и лошото“, велат од бендот за песната.


Бендот „Inner hate“ го сочинуваат вокалистот Горан Трајковски, кој свири и на ритам гитара, басистот Христијан Војнески, тапанарот Оливер Стојкоски и гитаристот Горазд Радески.

Од бендот посочуваат дека миксот и продукцијата на оваа композиција се на Христијан Ѓорѓиевски, а видео записот е дело на Montparnasse.