Потегот се обидува да го реши проблемот со стареење во државата, пренеле медиумите поддржани од кинеската комунистичка партија, известува „Индепендент“.
Кина ќе дозволи паровите да имаат трето дете, според најновото опуштање на законите за семејно планирање. Оваа одлука следува откако во 2013 година, државата исто така го укина правилото за одгледување на само едно дете.
Одлуката била донесена на состанок свикан од претседателот Си Џинпинг, на кој истовремено било најавено и воведување на застој за возраста на пензионирање.
Укинувањето на законот е одговор на големиот пад на наталитетот во земјата со најгуста популација, а според локалните медиуми, целта е да се поправи популациската структура на Кина и итно да се разреши проблемот со стареењето.
Законот за одгледување на едно дете беше дел од кинеската програма за контрола на популацијата, воведен во 1980 година. Казните за прекршителите на одредбата биле строги, а воведен бил и принуден абортус.
Во ноември 2013 година, Кина најави опуштање на мерките и дозволи паровите да имаат по две деца, доколку родителите биле единци. Второто опуштање на мерките се случи во 2016 година, кога на сите парови им беше дозволено да имаат по две деца.