Кина ги издава првите лиценци на такси компании за автомобили без возачи

Кина ѝ дозволи на компанијата за интернет услуги „Баиду“ и конкурентскиот производител на автономни автомобили „Пони.аи“ да почнат да обезбедуваат такси услуги за клиентите во Пекинг во автомобили без возачи, пренесува „Данас“.

Издадените дозволи им овозможуваат на компаниите да им понудат на клиентите возење без безбедносен возач зад воланот, кој би ја преземал должноста во итни случаи, но и понатаму бара од безбедносниот надзорник да седне на совозачкото седиште.

„Баиду“ соопшти дека од денеска, 10 такви автономни автомобили ќе почнат да им нудат возења на патниците на површина од 60 квадратни километри во предградијата на Пекинг и дека досега нудел транспортни услуги на „Аполо Гуо“ такси возилата кои самостојно возат, но мораа да имаат безбедносен возач зад воланот.

Кина има амбиции да ја предводи технологијата за автономни автомобили на глобално ниво, но заостанува зад САД во воведувањето такви услуги. „Алфабет Вајмо“ во Феникс, Аризона во 2020 година започна да нуди такси услуги на клиентите без возач.

Компанијата „Баиду“, најпозната по нивниот пребарувач и услуги за онлајн рекламирање, последните години инвестираше големи финансиски средства во автономни автомобили и технологија за вештачка интелигенција.