Тројца астронаути од Кина се вториот екипаж кој ќе се всели и ќе живее шест месеци во вселенската станица Тијангонг
Станицата, како што известува „Би-Би-Си“ ќе биде втората населена во вселената по вселувањето на астронаути на Меѓународната вселенска станица од НАСА што ја исклучи Кина уште во 2011 година.
Новиот тим ќе живее на станицата шест месеци преземајќи ја функцијата од нивните колеги кои заминаа таму во јуни. Една недела на станицата ќе живеат шест научници со цел да се тестира способноста на станицата за тоа колку луѓе може да се сместат во неа.
Ова е последната од 11-те мисии што ги правеше Кина за изградба на станицата од која се очекува да работи една деценија и да спроведува експерименти во речиси нула гравитација. Изградбата се очекува да заврши до крајот на годинава.
Во текот на следната деценија од Кина се очекува да испраќа по два тима екипаж на станицата секоја година. Кина сега го отвори и процесот за селекција на астронаути и од Макау и Хонг Конг чија можност за аплицирање претходно беше исклучена.