Кина ја саботира продажбата на „Анимал Кросинг“ откако играта стана платформа за виртуелните протести во Хонг Конг

Играта стана платформа за активистите од Хонг Конг чии протести биле стопирани поради пандемијата со коронавирусот.

Националната изолација поради пандемијата со коронавирусот ги стопирала активистите да излезат на улиците на Хонг Конг и да протестираат за поголема демократизација, бунт кој започнал минатата година. Меѓутоа, протестирачите пронашле нова платформа за протестирање – „Нинтендо“ играта „Animal Crossing: New Horizons“.

Оваа игра им понудила на протестантите место без политичка цензура, место на кое луѓето виртуелно може да се соберат и да создаваат свои уметнички дела, нудејќи себеизразување за време на карантинот. Но, сега се чини дека кинеските власти го саботираат ова виртуелно место.

Според известувањето на „Ројтерс“ од 10 април оваа година, играта веќе не била достапна на листите на сајтовите за онлајн продажба како „Таобао“ и „Пиндуодуо“ а како причина се наведуваат споделените фотографии од виртуелните протести.

 

Иако ова не би можело да се нарече директна цензура, за многу луѓе овие сајтови за онлајн продажба биле единствениот избор за препродавани консоли и игри, кои за разлика од кинесите верзии, на играчот му дозволуваат повеќе можности, односно, да споделуваат фотографии со другите корисници и да ги посетуваат островите на другите играчи.

Истовремено, изгледа дека дури и отстранувањето од листите нема да го смени интересот кај луѓето. Продавачите на „Таобао“ ја заобикувале забраната така што ги насочувале купувачите на листи каде што името на играта било изоставено, а според искуствата, не било воопшто тешко да се избегнат регионалните рестрикции и да се пристапи кон онлајн продавницата на „Нинтендо“.

Па така, единствено нешто што би се случило од оваа ситуација би било вниманието кое го добива играта која што полека го освојува интернетот, откако многу играчи го споделија новиот вид на онлајн активизам.

Останува да видиме дали кинеските продавачи или авторитети ќе воведат построги мерки за да ги саботираат активностите на протестирачите, останува да видиме.

Извор: Dazed&Confused