Кина ја затвори планинарската база на нивната страна од Монт Еверест за туристи кои немаат дозволи за искачување. Властите се решиле на ваков чекор поради проблем со насобраното ѓубре на локацијата.
Затворањето значи дека туристите ќе можат најмногу да стигнат до манастирот кој се наоѓа нешто пониско од базниот камп кој се наоѓа на 5.200 метри надморска височина.
Поголемиот дел од туристите ја посетуваат планината од нејзината јужна страна, преку Непал, но последниве години сè поатрактивно станало качувањето на врвот од кинеската страна.
Кинеската планинарска база, лоцирана во Тибет, е популарна бидејќи е пристапна со автомобил, додека до кампот на Непал може да се пристигне само преку пешачење од скоро две недели.
Највисокиот светски врв последниве години се справува со сè поголеми нивоа на ѓубре поради растот на посетители.
Кинеската асоцијација на планинари вели дека 40 илјади луѓе го посетиле кампот во 2015 година, додека кампот во Непал го посетуваат 45 илјади луѓе.
Планинарите кои имаат дозвола да го искачат врвот висок 8.848 метри сè уште ќе можат да го користат кампот. Во јануари, властите соопштиле дека ќе го лимитираат бројот на планинарски дозволи на 300 годишно.