Кина соопшти дека ќе го прекине објавувањето на податоците за невработеноста кај младите, откако невработеноста кај младите во земјата достигна рекордни 21,3 отсто во јуни.
Националното биро за статистика (НБС) соопшти дека повеќе нема да објавува податоци за невработеноста специфични за старосната група почнувајќи од овој месец, наведувајќи ја потребата за „понатамошно подобрување и оптимизирање на статистиката за истражување на работната сила“.
„Почнувајќи од овој август, објавувањето на стапките на урбана невработеност за младите и другите возрасни групи низ целата земја ќе биде суспендирано“, рече портпаролот на НБС, Фу Лингхуи.
Најавата дека податоците за невработеноста кај младите нема да бидат објавени, се случи откако Пекинг објави серија слаби економски показатели за јули.
Севкупно, невработеноста се зголеми на 5,3% во јули во споредба со 5,2% во јуни, објави НБС.