Минатиот месец, компанијата на Илон Маск, лансираше пар сателити за да тестира планови за глобален интернет провајдер, а сличен тест подоцна оваа година планира и Кинеската вселенска научна и индустриска корпорација (CASIC).
Претседателот на CASIC, Жанг Жонгјанг денес соопшти дека првите сателити ќе бидат сместени во ниската Земјина орбита за да се тестира технологијата на широкопојасен (broadband) интернет, способна за пренос на 500 МБ во секунда. Додека целиот проект „Хонгјун“ има во план поставување 156 сателити.
По првиот, уште четири сателити ќе се лансираат пред 2020 година, додека целата мрежа според планираното треба да биде довршено до 2022 година, обезбедувајќи пристап низ целиот свет. Иако поголемиот дел сателити во орбитата се наоѓаат на околу 36.000 километри над Земјата, овие би требало да се наоѓаат само на 1.000 километри оддалеченост.
„Хонгјун ќе овозможи на нашите корисници да уживаат во броадбенд интернет услуги без разлика дали се наоѓаат во пустина, на море или во авион“, рекол Жанг.