Кинеската полиција почна да употребува темни очила што детектираат лица. Очилата се со вградена камера поврзана со уред сличен на смартфон, при што полицајците можат да ги фотографираат сомнителните лица и да ги споредуваат со базата на податоци во централното седиште.
Со оваа апликацијата тие можат да пристапат до лични податоци за осомниченото лица, името, етничката припадност, полот и адресата. Истовремено им дава информации за тоа дали осомничените се во бегство, адресата на хотелот каде што престојуваат и кога користеле интернет.
Оваа технологија помогнала да се приведат седум осомничени лица обвинети за криминални дејства од трговија со луѓе, до сообраќајки во кои прегазиле и побегнале. Системот е дел од пошироките напори на Кина да изгради систем за дигитално набљудување за да го следи движењето на населението.