Фејсбук објави дека блокирал група кинески хакери кои ја користеле нивната платформа за да следат Ујгури кои живеат во странство, привлекувајќи ги со софтвер на кој откако ќе влезат, ќе ги заразат нивните уреди и ќе им овозможат да бидат надгледувани од хакерите, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Американската компанија тврди дека хакерите, познати во безбедносните кругови како „Earth Empusa“ и „Evil Eye“ таргетирале активисти, новинари и дисиденти кои се Ујгури, мнозинската муслиманска етничка група која во Кина се соочува со прогон.
Од Фејсбук тврдат дека повеќето хакерски активности се одвивале надвор од нивната платформа, која повеќе се користела за споделување врски што воделе до заразени веб-страници, а не за директно споделување на малициозен софтвер на платформата.
„Оваа активност имаше карактеристики на добро финансирана и упорна операција, додека е прикриено кој стои позади неа“, соопштија истражители за сајбер-безбедност на Фејсбук.
Фејсбук тврди и дека групата хакери користела лажни профили на кои се претставувале како новинари, студенти, активисти за човекови права или членови на ујгурската заедница за да ја добијат нивната доверба, а потоа ги навеле на малициозни веб-страници преку кои на нивните уреди се инсталира шпионски софтвер.
Малициозните страници се направени за да изгледаат на домените на популарните ујгурски или турски медиуми. Истовремено од компанијата Фејсбук велат дека отстраниле лажни профили кои биле помалку од 100 на број, го блокирале споделувањето на малициозни домени и ги предупредиле луѓето за кои веруваат дека била на мета.