Веста за големата популарност на кинеската апликација „DeepSeek“ во САД го потресе технолошкиот сектор и ги зголеми сомнежите за лидерството на Америка во развојот на вештачката интелигенција, предизвикувајќи пад на индексите на берзите во Њујорк, јавува Ал Џазира Балканс.
Цената на акциите на „Nvidia“ значително паднаа за 17 отсто, па така пазарната вредност на најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција падна за речиси 600 милијарди долари, што е најголем дневен пад на вредноста на една компанија во историјата на Волстрит. Во исто време, индексот на секторот за производители на чипови падна за повеќе од девет проценти, што е негова најголема дневна загуба од 2020 година.
Целиот технолошки сектор се најде под притисок, при што цената на акциите на Мајкрософт падна за повеќе од два отсто, а на компанијата Алфабет за повеќе од четири отсто. Цената на „Дел технолоџис“, производител на сервери за вештачка интелигенција падна за речиси девет отсто.
Најголемата светска берза ја потресе веста дека апликација на кинеската стартап компанија „DeepSeek“ се најде на врвот на листата на најдобро оценети бесплатни апликации во „Еп Стор“ на Епл, пред американскиот конкурент „ChatGPT“.
Новопретставениот чет-бот со вештачка интелигенција ги разбранува западните технолошки гиганти, нудејќи поефикасна и посиплатлива алтернатива на „ChatGPT“. Компанијата објави голем јазичен модел насловен „DeepSeek-R1“, кој одушевува како пристапна алтернатива на најновите чет-ботови, како моделот „о1“ на „ChatGPT“.
„DeepSeek-R1“ е лансиран на 20 јануари и за разлика од „ChatGPT“ кој е базиран на претплата и затворен код, по цена од 200 долари месечно, потполно е отворен и бесплатен.