Азиските филмови, режисери и актери триумфираа на на 64-тиот Берлински филмски фестивал. Жирито одлучи главната награда „Златна мечка” да ја добие криминалистичката драма “Црн јаглен, тенок мраз” на кинескиот режисер Дао Jинан.
Американскиот режисер Ричард Линклејтер освои наградата “Сребрена мечка” за филмот “Детство”. Награда на Берлиналето за најдобро сценарио добија Дитрих и Ана Брогеман за филмот Kreuzweg.
Наградата за најдобра актерка ја понесе Јапонката Харун Куроки за улогата на дискретна слугинка во воено време во филмот “Малата куќа”. Кинезот Лијао Фан ја доби наградата за најдобар актер, за одличниот портрет на поранешен полицаец во “Црн јаглен, тенок мраз”. Уште еден кинески претставник собра награда – Џијанг Цзен ја доби наградата за најдобар кинооператор поради “Масажа на слепо”. Азиското кино триумфираше на Берлинарето.