Кинескиот технолошки гигант „Баиду“ денеска го претстави својот долгоочекуван чет-бот со вештачка интелигенција (ВИ) познат како „Ерни“, јавува Ројтерс
Извршниот директор на компанијата изјави дека тој е кулминација на долгогодишната напорна работа на компанијата во вештачката интелигенција.
Ботот не беше совршен, но тие го објавија сега поради побарувачката на пазарот, рече Робин Ли од „Баиду“ на прес-конференција во Пекинг.
Популарноста на „ChatGPT“, поддржан од Мајкрософт, предизвика кинеските технолошки гиганти и стартапите побрзо да развијат негов ривал.
Вчера истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција „OpenAI“ објави понова и посилна верзија од чет-ботот „СhatGPT“, за кој велат дека е покреативна, поточна и помалку пристрасен од првичната.
„ChatGPT4“: „OpenAI“ пушти нова, посилна верзија на чет-ботот