Во четврток (25 април) на техничкиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), со почеток во 20:00 часот ќе се одржи кино на отворено каде ќе се прикажат два филмови од домашна продукција.
Како што информираат организаторите, настанот има за цел да го преслика духот на летното кино.
На филмското платното ќе бидат прикажани филмовите: „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов.
„Дебитантските дела на младите режисери се остварувања во кои се вложени огромен труд, посветеност и љубов. Наративните се искрени, со голем актерски влог и со умешни нијанси на продукциски решенија кои носат свежи перспективи на домашната кинематографија“, стои во соопштението.