Општина Кисела Вода во партнерство со „МакеДокс“ организира кино на отворено кое ќе се одвива во периодот од 9 до 14 август. Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во паркот „Македонија“, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец”.
„Секоја вечер од 21 часот, публиката од Кисела Вода, но и сите останати љубители на филмската уметност, ќе може да ги погледнат документарните филмови, програма ‘МакеДокс’, ‘Cinema Komunisto’ во режија на Мира Турајлиќ, ‘Grand mothers of Revolution’, ‘Mother Europe’ во режија на Петра Селискар, краткометражниот филм ‘Другарот’ во режија на Димитар Оровчанец, ‘Исцелител’ во режија на Ѓорче Ставрески, како и неколку други изненадувања“, соопштија од општината.
Оттаму посочија дека наскоро ќе објават и повеќе детали околу програмата и термините за филмските проекции.