Кино на отворено во Гостивар – проекција на македонскиот игран филм „Те дуа, жими мене“

Денеска (5 септември) со почеток во 20 часот во градскиот парк во Гостивар ќе се одржи проекција на отворено на која ќе биде прикажан македонскиот игран филм „Те дуа, жими мене“, по повод одбележувањето на денот на независноста на Македонија.

Според организаторите, со овој настан започнува културната офанзива во Гостивар која ќе понуди бројни културни настани од ваков вид.„Те дуа, жими мене“ е во режија на Марјан Гавриловски, сценарист е Никола Кузелов, додека директор на фотографија е Александар Карпузовски.

Во филмот играат: Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Мими Таневска, Атанас Атанасовски, Сенко Велинов, Рујиш Беговска, Мирсад Абази, Ангела Стојановска, Никола Кузелов, Талија Настова, Исмаил Касуми, Ангела Димитрова, Валентин Видовиќ, Надица Петрова, Елдин Широки, Флакрон Алиу и други.