Кинотека ја објави програмата за јануари, а по обичај првиот месец од годината го фокусира на најмладата генерација. Оттаму додаваат дека тоа не значи дека ќе бидат игнорирани повозрасните љубители на филмот.
„Кинотеката го има тоа како обврска и се реши за филмови од различни кинематографии, различни содржини, перцепции. Прв стартува ‘Домаќинство за почетници’. Актуелниот филм на Горан Столевски, нашинец со адреса на живеење во Австралија, се закитува со позитивни рецензии и со присутност на филмските фестивали. ‘Домаќинство за почетници’ ќе може да се гледа неколку пати во текот на месецот. Гледачите ќе имаат можност да видат и една копродукција, македонско-грчко-германска, насловена ‘Зад стоговите сено’. Месечнава програма се заокружува со проекцијата на новиот игран филм на Вардан Тозија, кој ќе биде гостин на Кинотеката после проекцијата на филмот М“, велат од Кинотека.
„Домаќинство за почетници“ ќе се прикажува на:
20 јануари (сабота) 20:00ч
23 јануари (вторник) 20:00ч
22 јануари (понеделник) 20:00ч
24 јануари (среда) 20:00ч
25 јануари (четврток) 18:00ч
26 јануари (петок) 18:00
„Зад стоговите сено“ ќе се прикажува на:
23 јануари (вторник) 18:00ч
24 јануари (среда) 18:00ч
25 јануари (четврток) 20:00ч
26 јануари (петок) 20:00ч
27 јануари (сабота) 20:00ч
29 јануари (понеделник) 20:00ч
30 јануари (петок) 20:00ч
31 јануари (среда) 18:00ч
„Предизвикување на невозможното“ ќе се прикажува на 27 јануари (сабота) од 18 часот, додека филмот „М“ на 31 јануари (среда) од 20 часот.