Кинотека на Р. С Македонија во рамки на платформата „Andactionproject.eu“ нуди бесплатна обука за креирање на видеосодржини за едукативни цели.
Секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката. Платформата е на македонски јазик и е достапна на овој линк.
Платформата е креирана во соработка со партнерите кои се дел од проектот „… и Акција! “ во рамките на „Еразмус +“ .
„Како завршна фаза и продукт од овој проект, веб-платформата за проектот ‘…и Акција!’ веќе може да се користи на англиски и македонски јазик, а за многу кратко време ќе биде целосно подготвена на сите шест јазични верзии – македонски, англиски, шпански, словенски, српски и бугарски јазик“, велат од Кинотеката.
На платформата е достапна и методологијата на проектот, а во неа се содржи целосното истражување кое се направи во рамките на проектот, а чија цел беше да се истражи потребата од креирање видеосодржини за едукативни цели. Методологијата на македонски јазик може да се преземе на следниот линк.