Со филмот „Перси Џексон и олимпијците: Kрадецот на громовникот“, на режисерот Chris Columbus, што ќе биде прикажан денеска и утре напладне, Kинотеката на Македонија ќе ја отвори програмата „Kиноутро“.
Во филмот од 2010 година играат: Logan Lerman, Pierce Brosnan и Uma Thurman. Во текот на месецов ќе бидат прикажани уште неколку детски наслови: анимираниот „Облачно со дожд од ќофтиња“, францускиот „Јас, Цезар“, „Мармадјук“ и „Алвин и верверичките 2“.