Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Во ситуација кога Скопје е во врвот на најзагадени градови во светот, а градежништвото и градската прашина со 19% се трет по ред загадувач, непланското и нестандардизирано градење почна во голема мера да прави инсфраструктурни проблеми, проблеми со коритото на Вардар, проблеми со сообраќај, паркинг, со пристапи за амбуланти и пожарни возила, со секнување вода, инсталации, со светлина и воздух… Затоа, прашавме неколку личности дали (ќе) дојде време да се размислува и за рушење на објекти? Рушење, па градење на исто место, или рушење па дислокации на населби? Или зазеленување на срушени делови, или некаде и социјално-културна адаптација на локации, како составен дел од урбанистичкото планирање за враќање на квалитетот на живот во критичните места?
Бојан Блажевски, новинар од медиумот за урбанизам и градежништво build.mk, потенцира дека настанувањето на монструозните населби, од типот на изменетото Дебар Маало, или зградата во најава во Маџир Маало, не се „паднати од небо“.
Со процесот на денационализација, вели тој, голем дел од земјиштето во овие делови на Скопје е вратено на физичките лица, ако воопшто некогаш истото и било национализирано.
Нагласува, во спрега со општинските власти и градежните фирми, жителите од овие населби самоволно се согласија да изградат што е можно повисоки згради за да добијат максимална квадратура од нови недвижности за нивното поколение.
„На сила не може никој да ти влезе во сопствената куќа и да ти ја сруши за да инвестира во зграда. Оттука, сметам дека проблемот со урбанистичкото планирање во Скопје денеска го сведуваме на ‘пукање во празно’. Треба да си го поставиме обратното прашање – дали кога јас ќе инвестирам во нова градба на мојот имот ќе бидам спремен да одвојам дел од земјиштето за зеленило, или, пак, дури и да го отстапам како јавно добро на општината за изградба на детско игралиште? Доколку немаме одговор на ова прашање, мислам дека бесцелно си го трошиме времето по критикување на социјалните медиуми. Реално земено, рушењето на објекти во меѓународни рамки е земено како една од можностите за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, вели Блажевски за Радио МОФ.
Според него, секогаш можеме да го земеме примерот од Берлин, каде што поделениот град од пред 1989 година се реобмислуваше преку паралелен процес на рушење и градење во јавниот простор.
Ако пак говориме за скопските населби, тогаш за новинарот дотраените бараки се првите на списокот што би можеле да се срушат, во функција на проширување на јавните површини.
„Ако нема доволно зеленило во Дебар Маало, тогаш првенствено треба да се обрне внимание на бараките на станбеното претпријатие АДСДП или локалната самоуправа, за кои државата го има земјиштето во свои раце и може да дозволи зеленило наместо нови згради. Тоа би биле два парка во бетонското сивило. Во делот на новоизградените згради, сметам дека е нереално да очекуваме нивно рушење. Недвижностите се многу алчен пазар, имаме бројни светски примери (да ја земеме Русија со актуелниот пример на рушење на ‘Хрушчовките’ за сметка на изградба на грди висококатници низ градовите) каде што рушењето на веќе изградени објекти води единствено кон нови, повисоки и погабаритни згради“, потенцира Блажевски.
„Пола држава ни е нелегална“
Според архитектката Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, се додека просторот го сфаќаме како роба за продавање наместо ресурс, нема да излеземе од маѓепсаниот круг на спрега меѓу инвеститорот и локалните моќници и корупцијата.
„Треба стручно да се анализираат сите можности и да се планира рационално и оптимално. Секако дека некои објекти може и треба да се пренаменат и реупотребат, а некои да се срушат. Градењето секако дека е и бизнис интересот, па и политика, но тоа не е проблем доколку е плански и наместо да претставува конфликт со градот и жителите, да биде во меѓусебна корелација“, вели Раѓеновиќ Јовановиќ за Радио МОФ.
Што се однесува до нелегалните објекти, смета дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти е најлош закон што може да и се случи на една земја. А ние, вели таа, рокот за легализација го продолжуваме повеќе пати – поднесени се преку 440.000 барања.
„Испаѓа дека пола држава ни е нелегална. Оваа масовна појава на дивоградби е резултат на лошо планирање или на непланирање и беззаконие. Е, сега, треба да ги озаконат и тоа само со Геодетски елаборат, без проекти за објектот. А, цената на легализација за домување во станбени куќи, за трафостаници, за викенд куќи, за доградби на објекти со намена домување во станбени згради – тераси и тераси пренаменети во станбен простор и за електронските комуникациски мрежи изнесува 1 евро по метар квадратен. Со тоа, оштетени се сите оние кои се придржуваат на законот, на сметка на оние кои украле простор“, забележува архитектката.
На ниво на Македонија, според Државниот завод за статистика (ДЗС) од 2013 до 2017, за пет години, имало 5.210 бесправно изградени објекти, од кои 1.440 се во Скопје. Меѓу скопските општини водач на оваа статистика е Карпош, каде во 2013 се евидентирани 107 бесправно изградени објекти.
Цени и стандарди за уривање објекти?
Во Македонија, архитектите и градежниците што ги прашавме не им е познато дека воопшто постои некакво официјално тело, асоцијација која би ги поврзала и претставувала оние што вршат услуги за уривање на објекти. Рушењето обично го прават градежни фирми со својата машинерија, но, на пример, „Адора“ и „Гранит“ не вршат такви услуги, немаат ценовник. Не добивме конкретни цени и стандарди и од неколку други компании кои ги контактиравме. Впечаток е дека сето се сведува „на договор“.
Затоа, се обративме до странски фирми, специјализирани во оваа област, под закрила на Европската асоцијација за уривање (European demolition association), која постои од 1978 и е платформа за 80-ина национални асоцијации и компании од индустијата за уривање.
Дарен Палин, директор на британската „ДДМ“ (DDM Dismantling Limited), потенцира дека трошоците за демолирање ги одредуваат различни фактори.
„Цената ја диктира начинот на уривање (долг домет, кат по кат, екслозиви), големината и висината на објектот, блискоста на соседните структури и обемот на метеријалот што треба да се отстрани пред уривањето (дрво, пластика, стакло, отпад, азбест итн)“, објаснува Палин од „ДДМ“, која на меѓународно ниво урива, демонтира и дислоцира објекти.
Без да ја посетат градежната парцела, на лице место на објектот, нагласува тој, не е можно да се утврдат прецизни бројки и евентуалниот буџет за уривање. Сепак, даде негова слободна процена на разни објекти од фотографии што му ги пративме за евалуација, со цени:
Ернесто Пелача во италијанската фирма „Соми“ (Somi Impiani Demolizioni) е задолжен за економска евалуација на проекти за уривање. И тој потврдува дека рушењето зависи од различни фактори и објекти кои треба да се сочуваат како патишта, мостови, далноводи, водни текови итн.
Конкретно, неговиот работодавец не користи експлозив во ваквиот бизнис, туку сите уривања ги извршуваат со механички алатки (багери со чекани, ножици, со т.н. „канџи“ и сл.).
„Сепак, за уривање на згради, без одредени пречки и/или ограничувања, до висина до 10-12 метри, италијанската референтна цена е околу 8 до 10 евра/метар кубен (empty to full). За да може да споредувате италијанска со македонска цена, би сакал да кажам дека еден италијански работник чини околу 31 евро на час, а машините/алатките се околу 50 евра на час. За високи згради, трошоците растат зависно од користената машинерија. Отстранување на отпадот е исклучено од цената, зависи од материјалите и инсталациите (бетон, тули, дрво, пластика, кабли итн.)“, посочува Пелача за Радио МОФ.
Рушење и градење низ општински бројки
Со цел да добиеме некаква претстава за срушени објекти, до десетте скопски општини испративме Барање за пристап на информации од јавен карактер за број на Решенија/Одобренија за уривање од 2007 до 2017 година (за 2018 уште не беа процесуирани). Увидовме дека дел администрации воопшто не располагаат со вакви документи пред 2013 година, бидејќи тогаш преминаа кон електронска евиденција.
Сарај воопшто не врати одговор во рокот од 30 денови. Не добивме број на Решенија ниту од Аеродром и Карпош, додека Гази Баба го одби електронското барање со аргумент дека тоа треба да е во согласност со член 42 од Законот за општа и управна постапка.
Од друга страна, Шуто Оризари и Чаир издале 0 (нула) Решенија за уривање на објекти од 2013 до 2017 година. Бутел за овој временски период издала најмногу – 218 документи за отстранување објекти, Ѓорѓе Петров – 113, а Кисела Вода само седум за пет години.
Лицето задолжено за јавни информации од Центар ни достави само Одобренија за градба, а за документите за рушење не’ испрати до нивниот Сектор за инспекциски работи, иако целата општина е имател на информацијата. Се уште изостанува одговор од овој општински сектор.
Треба да се напомене дека кога се подигнува нов објект на местото на друг, не се бара Одобрение за рушење, туку инвеститорот го покрива со Одобрението за градба. Тоа пак важи 10 години. Инвеститорот има две години да пријави и започне градба. Потоа, 10 години за да ја изгради. Ако објектот не отпочне или не се заврши во тој рок, Одобрението престанува да важи. Во случаи кога е дадено државно земјиште за градба, роковите може да се помали.
За одобренијата за градење, ако се земе период од шест години меѓу 2013 и 2018: Карпош повторно е прв на листата. Во 2016 издала дури 184, за потоа во 2018 бројката да падне до 72, додека Центар на пример, изминатава година има најмногу (106). Втор најголем издавач на вакви одобренија за периодов е Бутел, трет Гази Баба, четврти Кисела Вода…
„Скопје 2014“ – колку озборуван, а толку заборавен проект полн со дивоградби
Кога во јавноста се збори за уривање на дивоградби, неизбежен е да се спомене „Скопје 2014“, еден од најконтроверзните проекти во поновата македонска историја. Тој од проценетите 80, стигна докај 700 милиони евра, а од промовираните 40, стигна до 140-ина објекти. Плус илјадници евра за одржување, апаратчиња за птици, за санирање на штети после дожд во музеите, за чистење шут во коритото на Вардар, плус објектите го попречуваат ветрот долж реката, па може да се поврзе и со медицински третмани од аерозагадувањето.
Експерти долго време алармираат дека проектот се градеше рушејќи зеленило и јавни простори, истовремено моделирајќи закони и „барокизирајќи“ познати архитектонски дела. „Скопје 2014“ генерално се подигнуваше без консултација на авторите на репрезентативните дела и без никакво одобрение на стручната јавност. Со целата распространета мешавина од објекти и стилови кои не кореспондираат меѓусебно, повеќе светски медиуми веќе го окарактеризираа Скопје како „градот на кичот“. Активисти, пак, во духовит манир организираа и „Кич тура низ Скопје 2014“.
Затоа, додека јавноста дискутира(ше) дали да се руши, остави или дислоцира, беше формирано работно тело за ревизија на „Скопје 2014“, а архитекти паралелно направија проекти за отворање на дел од просторот.
Таквиот проект на Дејан Ивановски и Филип Јовановски, дел од 16-то Биенале, требаше да даде смисла, логика на просторот, да се отворат ѕидови, поврзат со околината, па понатаму да се развиваат идеи за заедничкиот јавен простор. Сепак, оваа идеја е заборавена од надлежните.
Дејан Ивановски, архитект : Узурпираниот јавен простор од „Скопје 2014“ го правиме функционален
Исто е заборавена и работната група за справување со „Скопје 2014“, од која деновиве оставка поднесе претседателот на Асоцијацијата на архитекти, Мартин Пановски. Тој за Радио МОФ посочи дека групата официјално не е прекината, не е разрешена од министерот за култура Асаф Адеми, но се одлучил на ваков потег бидејќи нема услови за работа.
„Плус на сето тоа, се појави информација дека Владата го задолжи министерството за култура за пренамена на споменикот на Мајка Тереза. И, во суштина, тоа беше првиот елаборат каде укажавме дека е дивоградба и треба да се отстрани, бидејќи е ставен насред улица“, вели тој.
Пановски веќе потенцираше дека според елаборатите што ги имаат направено, скулптурите во проектот, вклучувајќи ги Порта „Македонија“ (над 6 милиони евра) и „Воин на коњ“ (над 8 милиони), се дивоградби. Надлежните, вели тој, требале да си преземат мерки по закон за дивоградби – или да ги легализираат, или да ги срушат.
„Нема друга легална опција. Затоа што, едноставно, не можеш да кажеш ‘ќе седат таму’. Си евидентирал дека се дивоградби, т.е. се прекршени процедурите уште на почетокот на процесот. Штом прекршиш процедура во старт, сето понатаму е ништовно. Сите се водат како спомен-обележја, а не се водат во Собрание. Одлуката за подигнување на споменици е противзаконска. Дури и да ја има како маркица во ДУП, бидејќи е на Центар или Град Скопје, а не во републичко Собрание, одлуката е незаконска. Според закон, општината може да подигне спомен-обележје, ако е за значење на општината. Пример, за Горан Стефановски, значаен за Дебар Маало, може општина Центар да му подигне спомен-обележје. И за тоа не треба. Но, ако кажат дека на Стефановски му подигаат заради допринос на Македонија и сл., тогаш треба да оди преку Собрание. Така да, со ‘Скопје 2014’ очигледно се правеше нешто, а тоа нешто си седеше во фиока“, забележува Пановски.
Владата, пак, го задолжи Министерството за култура да спроведе постапка за пренамена на објектот со скулптурална композиција Мајка Тереза согласно со предвидените можни намени во урбанистичката планска документација за предвидената парцела.
„На јавниот конкурс треба да се предложуваат идејни решенија за пренамена на објектот. Оваа владина одлука е резултат на направените анализи кои што покажаа дека ќе бидат потрошени повеќе пари доколку се урива, во споредба со средствата потребни за пренамена на објектот“, соопштија од Владата за СДК, но засега нема јавно достапни суми, односно колку пари ќе бидат потребни за пренамена, а колку за уривање на објектот.
Новинарот Бојан Блажевски потенцира дека Скопје останува предмет на светски потсмев со секојдневното опстојување на т.н „Скопје 2014“. Сличен проблем си има романската метропола Букурешт, за каде забележува дека главна атракција и по три децении на секој посетител на градот е да се слика и да „почувствува“ колку е грда зградата на Националниот парламент на Николае Чаушеску.
„Жителите на Букурешт воопшто не се среќни со потсмевот што го добива нивниот град поради направената ‘урбанизација’ од претходниот диктатор. Не сметам дека Скопје ќе има среќни и задоволни жители со нездравото ткиво на ‘Скопје 2014’ во себе во иднина. Откако ќе помине сета оваа ревизија на овој проект, лично сметам дека треба да се пристапи кон сериозна корекција на центарот на Скопје, што подразбира рушење и дислокација на голем дел од спомениците. На Скопје му треба некаков музеј посветен на ‘Скопје 2014’, каде што ќе се дислоцираат значаен дел од сите оние споменици и скулптури што се наредени во моментов во центарот на градот. Тоа може да биде некој напуштен објект, а зошто да не биде спортската сала ‘Партизан’ или некој друг руиниран објект што во моментов нема функција“, нагласува новинарот.
За Блажевски, многу е погрешно тврдењето на владата на премиерот Зоран Заев дека еден ваков потег ќе чини многу пари. Еден ваков потег би чинел неколку милиони евра, но, потенцира тој, би ни овозможил меѓународно признание дека сме се соочиле со глупоста што ни се случила во изминатата деценија.
Од друга страна, лично смета дека објектите од „Скопје 2014“ не можат да срушат, но ќе биде супер доколку архитектонски и содржински се интервенира во нив. На пример, Скопје има Музеј на ВМРО, но не поседува Архитектонски музеј или посебна музејска установа што ќе ја раскаже приказната за југословенската и меѓународна солидарност покажана со постземјотресната обнова на Скопје.
Архитектката и уредник на Порта3, Раѓеновиќ Јовановиќ потсетува дека „Скопје 2014“ најдиректно посегна по јавниот простор и авторството. Многу се говореше за ова, вели таа, но „сега кога помисливме дека ќе почне и да се делува како да се уплашивме“.
Освен дислокација на еден споменик (Ќосето) ништо не се случува. А, спомениците според неа се најлесниот дел од работата.
„Што правиме со објектите? Особено со оние кои се во забранета зона за градење, коритото на Вардар. Тие објекти се опасни, нефункционални, неодржливи и треба да ги нема. Секако дека рушење е непопуларно и не е пријатно кога треба да се направи. Но, кај нас замислете се зборува за завршување на мостот за панорамското тркало, без тркалото. Со образложение дека колку чини неговото рушење, толку чини и неговото завршување, но без тркалото. Се руши само металниот дел на оградата околу владата, а бетонските столбови и парапети се оставаат, што нема никаков резон. Секако дека рушење е и скапо и дека повторно народот ќе плати, но овој проблем само радикално може да се реши“, нагласува Раѓеновиќ Јовановиќ.
Според неа, не се работи за стилско обликување на фасади, тоа е најлесниот дел од проблемот. Туку за погрешен урбанизам и нефункционални објекти. Затоа, бара да се врати и автентичниот изглед на Владата и останатите префасадирани објекти.
„Само така ќе покажеме одговорност, стручност, почитување и ќе покажеме дека е недозволиво да прави кој што сака. Мораме да го ослободиме градот. Скопје ниту е голем град, ниту има милионско население, туку е загаден и заглавен од лошо планирање или непланирање, туку само пополнување на празен простор“, нагласува таа.
Наместо рушење, социјално-културно искористување на скопски објекти?
Извештаите долго време укажуваат дека додека трае спрегата меѓу градежните фирми и политичките моќници, кои низ јавниот дискурс се хранат со слоганот „битно се гради“ како ПР момент, во целиот тој градежен налет се заборава она што е веќе изградено.
Во Македонија, а посебно во Скопје понудата на станови одамна ја надминува побарувачката. Најдобар показател за тоа се извештаите од Регистарот на цени и закупнини на Катастарот, кои откриваат дека иако пазарот има над 5.000 непродадени станови, во моментов се градат 10.000, двојно повеќе, анализираше неодамна Мета.
Исто така, во Скопје истовремено се забележуваат и дел започнати, полуизградени објекти, руинирани, или градби буквално заборавени како декор во јавен простор.
Оттука се појави иницијатива на организацијата „Cultural echoes“ за редефинирање на напуштените индуструски објекти и запознавање со концептот за индустриско наследство. Ова значи, да најдат начин како правилно да се искористи просторниот капацитет што го нудат овие напуштени објекти, како потенцијал за нивна ревитализација и реадаптација.
Проектот веќе го почнаа со истражување за „Купром“, фабрика во скопски Хром, каде преку културен настан сакаа да го информираат локалното население за состојбата. Идејата содржи и мапирање на ваквите објекти.
Во поглед пак на сквотирањето на објекти, новинарот Бојан Блажевски потенцира дека во Скопје ова е непозната пракса за интелектуалната јавност. За жал, вели тој, превземањето на напуштените простори останува единствено како пракса на лицата без сопствен дом и на некои ромски семејства што немаат покрив над глава.
И тука, според него државата или општините нема што да прават, бидејќи иницијативата треба да дојде буквално од самото граѓанско општество, од контракултурни или субкултурните движења.
Тие би биле одговорни за да влезат во напуштените објекти, да ги „освојат“ со своите идеи за организирање секојдневни настани на локациите, за волонтирање во функција на актуелизирање на окупираниот простор. Потоа би следела битка со сопственикот на земјиштето или властите околу иднината на руинираниот објект.
„Тоа е светска пракса, така функционираа или се уште функционираат ‘Товарна Рог’ во Љубљана или ‘БИГЗ’ во Белград, кои им даваат голема енергија и полет на напуштените објекти, или просто, на зданија за кои никој од одговорните лица не знаат што да прават со нив во моментов. За жал, Скопје не го следи ваквиот пример, а сметам дека се ретки исклучоците кога имало обиди да се направи вакво нешто. Можеби Автономниот културно-социјален центар (АКСЦ) во Железничката зграда беше нешто најблиску до овој модел на ‘освојување’ на напуштените простори“, нагласува Блажевски.
Бојан Шашевски
-
(Vallë) do të vijë koha të rrënojmë që të marrim frymë?
Në situatë kur Shkupi është në kreun e qyteteve më të ndotura në botë, ndërsa ndërtimtaria dhe pluhuri i qytetit me 19% janë ndotësit të tretë me radhë, ndërtimi i pa planifikuar dhe i pa standardizuar filloi në masë të madhe të krijojë probleme, probleme me shtratin e Vardarit, probleme në komunikacion, me parkimin, me qasjen për automjetet e ndihmës së shpejtë dhe zjarrfikësit, me ndërprerjen e ujit, instalimet, me dritën dhe ajrin… Prandaj, pyetëm disa persona vallë (do të) vijë koha të mendohet edhe për rrënimin e objekteve? Rrënim, pastaj ndërtim në vendin e njëjtë ose rrënim dhe më pas dislokim i lagjeve? Ose gjelbërimi i pjesëve të rrënuara ose diku edhe përshtatje sociale – kulturore e lokacioneve, si pjesë përbërëse e planifikimit urban për kthimin e cilësisë së jetës në vendet kritike?
Bojan Bllazhevski, gazetar i medies për urbanizëm dhe ndërtimtari build.mk, thekson se krijimi i lagjeve monstruoze, të llojit të Debar Mëhallës së ndryshuar, ose godina në paralajmërim në Maxhir mëhallën, nuk kanë “rënë nga qielli”.
Me procesin e denacionalizimit, thotë ai, pjesë e madhe e tokës në këto pjesë të Shkupit ju është kthyer personave fizik, nëse ndonjëherë është nacionalizuar e njëjta.
Thekson, në bashkëpunim me pushtetin lokal dhe firmat ndërtimore, banorët e këtyre lagjeve me vullnet të tyre u pajtuan të ndërtojnë ndërtesa sa më të larta, në mënyrë që të fitojnë sipërfaqe maksimale të patundshmërive të reja për gjeneratat e tyre të ardhshme.
“Me forcë askush nuk mund të të hyjnë në shtëpinë tënde dhe të ta rrënojë për të investuar në ndërtesë. Së këndejmi, konsideroj se problemin me planifikimin urban në Shkup sot mund ta quajmë si “gjuajtje në të thatë”. Duhet të shtrojmë pyetjet e kundërt – kur të investoj unë në ndërtim të ri, në pronën time, a do të jem i gatshëm të ndaj një pjesë të tokës për gjelbërim, ose po, t’ia lë si të mirë publike komunës, për të ndërtuar një kënd për fëmijë? Nëse nuk e kemi përgjigje për këtë pyetje, mendoj se është e kotë të shpenzojmë kohën për të kritikuar në mediat sociale. Parë realisht, rrënimi i objekteve në korniza ndërkombëtare është marrë si një nga mundësitë për përmirësimin e cilësisë së jetës së qytetarëve”, thotë Bllazhevski për Radio MOF.
Sipas tij, çdo herë mund të marrim shembullin e Berlinit, ku në qytetin e ndarë që para vitit 1989, riorganizohej nëpërmjet procesit paralel të rrënimit dhe ndërtimit në hapësirën publike.
Nëse flasim për lagjet e Shkupit, atëherë për gazetarin, barakat e vjetra janë të para në listë që do të mund të rrënohen, në funksion të zgjerimit të sipërfaqeve publike.
“Nëse nuk ka gjelbërim të mjaftueshëm në Debar Mëhallën, atëherë fillimisht duhet t’i kushtohet vëmendje barakave të ndërmarrjes banesore SHAEST ose vetëqeverisja lokale, për të cilat shteti e ka tokën në duart e veta dhe mund të lejojë gjelbërim në vend të ndërtesave të reja. Këto do të ishin dy parqe në zymtësinë e betonit. Në pjesën e ndërtesave të reja të ndërtuara, konsideroj se është jo reale të presin rrënimin e tyre. Patundshmëritë janë treg shumë lakmitar, duke pasur shembuj botëror ( të marrim Rusinë me shembullin aktual me rrëzimin e “Hrushçovkave” për llogari të ndërtimit të rrokaqiejve të shëmtuar në qytet) ku rrënimi i objekteve tani më të ndërtuara çon vetëm drejt ndërtimit të godinave të reja, më të larta dhe më mëdha”, thekson Bllazhevski.
“Gjysma e shtetit është jo legale”
Sipas arkitektes Sanja Ragjenoviq Jovanoviq, përderisa hapësirën e kuptojmë si mall për shitje në vend të resursit, nuk do të dalim nga rrethi magjik i bashkëpunimit ndërmjet investitorëve dhe të fuqishmëve lokal dhe korrupsionit.
“Duhet të analizohen profesionalisht të gjitha mundësitë dhe të planifikohet në mënyrë racionale dhe optimale. Sigurisht se disa objekte mund dhe duhet të ri adaptohen dhe ri përdoren, ndërsa disa të rrënohen. Ndërtimi sigurisht se paraqet edhe biznes interes, po edhe politikë, por ky nuk është problem nëse është me plan dhe në vend se të paraqesë konflikt më qytetin dhe banorët, të jetë në korrelacion të ndërsjellë”, thotë Ragjenoviq Jovanoviq për Radio MOF.
Sa i përket objekteve joligjore, është i mendimit se Ligji për veprim me objekte të ndërtuara pa leje, është ligji më i keq që ka mundur t’i ndodhë një shteti. Ndërkaq ne, thotë ajo, afatin për legalizim e vazhdojmë disa herë – janë paraqitur mbi 440.000 kërkesa.
“Rezulton se gjysma e shtetit nuk është legal. Kjo dukuri masive e ndërtimeve informale është rezultat i planifikimit të keq ose i mos planifikimit dhe mos pasjes së ligjit. Dhe tani, duhet t’i legalizojnë dhe kjo vetëm me Elaborat gjeodezik, pa projekt për objektin. Ndërkaq, çmimi i legalizimit për banim në shtëpi banimi, për trafo stacione, për shtëpi pushimi, për ndërtime shtesë në objekte me qëllim banimi në ndërtesa banesore – tarraca dhe tarraca të ri dedikuara në hapësirë banesore dhe për rrjetin e komunikimeve elektronike është 1 euro për metër katror. Me këtë. dëmtohen të gjithë ata të cilët respektojnë ligjin, në llogari të atyre q ë kanë vjedhur hapësirë”, thotë arkitektja.
Në nivel të Maqedonisë, sipas Ebtit Shtetëror të Statistikave (ESHS) nga viti 2013 deri në vitin 017, për pesë vjet, ka pasur 5.10 objekte të ndërtuara pa leje, prej të cilave 1.440 janë në Shkup. Në mesin e komunave në Shkup, sipas kësaj statistike kryeson Karposhi, ku në vitin 2013 janë evidentuar 107 objekte të ndërtuara pa leje.
Çmime dhe standarde për rrënimin e objekteve?
Në Maqedoni, arkitektët dhe ndërtimtarët që i pyetëm, nuk e dinë nëse ekziston ndonjë trup zyrtar, asociacion i cili do të kishte lidhur dhe përfaqësuar ata që kryejnë shërbime për rrënimin e objekteve. Rrënimin zakonisht e bëjnë firma ndërtimore me makinerinë e tyre, por, për shembull “Adora” dhe “Granit” nuk bëjnë shërbime të tilla, nuk kanë çmimore. Nuk pranuam çmime konkrete dhe standarde edhe nga disa kompani të tjera të cilat i kontaktuam. Fitohet përshtypja se gjithçka është punë e “marrëveshjes”.
Prandaj, iu drejtuam formave të huaja, të specializuara në këtë fushë, nën ombrellën e Asociacionit Evropian për rrënim (European demolition association), e cila ekziston që nga viti 1978 dhe është platformë për 80 asociacione nacionale dhe kompani të industrisë së rrënimit.
Daren Palin, drejtor i “DDM” nga Britania (DDM Dismantling Limited), thekson se shpenzimin për demolim e përcaktojnë faktorë të ndryshëm.
“Çmimi e dikton mënyrën e rrëzimit ( me reze të gjatë veprimi, kat për kat, me shpërthim) madhësia dhe lartësia e objektit, afërsia pranë strukturave fqinje dhe madhësia e materialit që duhet te hiqet para rrënimit (dru, plastikë, qelq, mbetje, azbest etj.)”, sqaron Palin nga “DDM” e cila rrënon në nivel ndërkombëtar, demonton dhe dislokon objekte.
Pa e vizituar parcelën ndërtimore, në vendin ku ndodhet objekti, thekson ai, nuk mund të përcaktohen shifrat e sakta dhe buxheti eventual për rrënim. Megjithatë, dha vlerësimin e tij të lirë për objekte të ndryshëm nga fotografi të cilat ia dërguam për evaluim, me çmimet:
Ernesto Pelaça në firmën italiane “Somi” (Somi Impiani Demolizioni) është i angazhuar për evaluimin ekonomik të projekteve për rrënim. Edhe ai konfirmon se rrënimi varet nga faktorë të ndryshëm dhe objekte të cilat duhet të ruhen si rrugë, ura, tubacione, rrjedha ujore etj.
Konkretisht, punëdhënësi i tij, nuk përdor eksploziv në këtë biznes, por të gjitha rrënimet i kryejnë me vegla mekanike ( buldozerë me çekan, gërshërë, me të ashtuquajtura “kthetra” dhe ngjashëm).
“Megjithatë, për rrënimin e ndërtesave, pa pengesa të caktuara dhe/ose kufizime, deri në lartësi prej 10 – 12 metra, çmimi referues italian është rreth 8 deri në 10 euro / metër kub (empty to full). Në mënyrë që të mund të krahasoni çmim italian me maqedonas, do të kisha thënë se një punëtor italian në orë kushton 31 euro, ndërsa makineria / veglat janë rreth 50 euro për orë. Për ndërtime të larta, shpenzimet rriten varësisht nga makineria që përdoret. Mënjanimi i mbetjeve është përjashtuar nga çmimi, varësisht nga materialet dhe instalimet (beton, tjegulla, dru, plastikë, kabllo etj.)” thotë Pelaça për Radio MOF.
Rrënimi dhe ndërtimi nëpërmjet shifrave komunale
Me qëllim të kemi një pasqyrë për objektet e rrënuara, në adresë të dhjetë komunave të Shkupit dërguam Kërkesë për qasje drejt informatave me karakter publik për numrin e Aktvendimeve / Lejeve për rrënim nga viti 2007 deri në vitin 2017 ( për vitin 2018 ende nuk ishin proceduar). Konstatuam se një pjesë e administratës aspak nuk disponojnë me dokumentacion të këtillë para vitit 2013, sepse atëherë kanë kaluar në evidencë elektronike.
Sarai aspak nuk ktheu përgjigje në fat prej 30 ditë. As nga komuna e Aerodromit dhe Karposhit nuk pranuam numrin e Aktvendimeve, ndërsa Gazi Baba e refuzoi kërkesën elektronike me argument se ajo duhet të jetë në pajtim me nenin 42 të Ligjit për procedurë të përgjithshme administrative.
Nga ana tjetër, Shuto Orizari dhe çairi kanë lëshuar 0 (zero) Aktvendime për rrënimin e objekteve nga viti 2013 deri në vitin 2017. Buteli për këtë periudhë kohore ka lëshuar më shumë – 218 dokumente për largimin e objekteve, Gjorçe Petrov – 113, ndërsa Kisella Voda vetëm shtatë për pesë vjet.
Personi i angazhuar për informacione publike në Qendër na dorëzoi vetëm Leje për ndërtim, ndërsa për dokumentet për rrënim na dërgoi te Sektori i tyre për punë inspektuese, edhe pse e gjithë komuna është posedues i informacionit. Ende mungon përgjigja nga ky sektor komunal.
Duhet përmendur se kur ngrihet objekt i ri në vendin e një tjetri, nuk kërkohet Leje për rrënim, por investuesi e mbulon me Lejen për ndërtim. Kjo vlen për periudhë kohore prej 10 vjet. Investuesi ka dy vjet për të bërë paraqitjen dhe të fillojë me ndërtim. Më pas, 10 vjet për të ndërtuar. Nëse objekti nuk fillon ose nuk përfundon për këtë periudhe kohore, Leja nuk vlen më. Në rastet kur është dhënë tokë shtetërore për ndërtim, afatet mund të jenë më të vogla.
Për lejet për ndërtim, nëse merret periudha kohore prej gjashtë vjet ndërmjet viteve 2013 dhe 2018: Karposhi përsëri është i pari në listë. Në vitin 2016 ka lëshuar madje 184, që më pas në vitin 2018 numri të reduktohet deri në 72, ndërsa Qendra për shembull, vitin e kaluar ka pasur më së shumti (106). Lëshuesi i dytë më i madh i lejeve të këtilla për periudhën kohore është Buteli, i treti Gazi Baba, e katërta Kisella Voda…
“Shkupi 2014” – projekt aq i përfolur por kaq i harruar, përplot me ndërtime informale
Në publik kur flitet për rrënimin e ndërtimeve infromale, nuk mund të evitohet përmendja e “Shkupi 2014”, një nga projektet më kontroverse në historinë më të re maqedonase. Ai nga 80 të vlerësuarat, mbërriti deri në 700 milion euro, ndërsa nga 40 të promovuara, mbërriti deri në 140 objekte. Plus mijëra euro për mirëmbajtje, aparate për zogj, për sanimin e dëmeve pas shiut në muzetë, për pastrimin e mbetjeve ndërtimore në shtratin e Vardarit, plus objektet e pengojnë erën përgjatë lumit, kështu që mund të lidhet edhe me trajtimin mjekësor nga ndotja e ajrit.
Ekspertët kohë të gjatë alarmojnë se projekti ndërtohej duhet rrënuar gjelbërimin dhe hapësirat publike, njëkohësisht duke modeluar ligje dhe duke “barokizuar” vepra të njohura arkitektonike. “Shkupi 2014” në përgjithësi ndërtohej pa konsultimin e autorëve të veprave reprezentative dhe pa asnjë leje nga ekspertët. Me gjithë përzierjen e shpërndarë të objekteve dhe stileve të cilat nuk korrespondojnë ndërmjet vete, shumë media botërore tani më e karakterizuan Shkupin si “qytet të kiçit”. Aktivistë, nga ana tjetër, në mënyrë sarkastike organizuan “Kiç turne nëpër Shkupi 2014”.
Prandaj, përderisa publiku diskuton(te) vallë të rrënohet, të lihet ose të dislokohet, u formua trup pune për rishikimin e “Shkupi 2014”, ndërsa arkitektë paralelisht bënë projekte për hapjen e një pjesë të hapësirës.
Projekti i këtillë i Dejan Ivanovski dhe Filip Jovanovski, pjesë e Bienales së 16-të, duhej t’i jepte kuptim, logjikë hapësirës, të hapen mure, të lidhen me rrethinën dhe më pas të zhvillohen ide për hapësirë të përbashkët publike. Megjithatë kjo ide u harrua nga kompetentët.
Дејан Ивановски, архитект : Узурпираниот јавен простор од „Скопје 2014“ го правиме функционален
Gjithashtu është harruar edhe grupi i punës për ballafaqim me “Shkupi 2014”, nga e cila këto ditë dorëheqje dha kryetari i Asociacionit të arkitektëve, Martin Panovski. Ai për Radio MOF, tha se grupi zyrtarisht nuk ka ndaluar me punë, nuk është shkarkuar nga ministri i Kulturës Asaf Ademi, por ka vendosur për një hap të këtillë sepse nuk ka kushte për punë.
“Plus, mbi gjithë këtë, u paraqit informacioni se Qeveria ka angazhuar Ministrinë e Kulturës për ri dedikimin e përmendores së Nënë Terezës. Dhe, në fakt, ky ishte elaborati i parë ku sugjeruam se është ndërtim informal dhe se duhet të hiqet, sepse është vendosur në mes të rrugës”, thotë ai.
Panovski tani më theksoi se sipas elaboratit që e kanë bërë, skulpturat në projekt, përfshirë Portën “Maqedonia” (mbi 6 milion euro) dhe “Ushtarin në kalë” (mbi 8 milion) janë ndërtime informale. Kompetentët, thotë ai, është dashur të ndërmarrin masa sipas ligjit për ndërtime informale – ose t’i legalizojnë, ose t’i rrënojnë.
“Nuk ka opsion tjetër legal. Sepse, thjeshtë, nuk mund të thuash “do të qëndrojnë atje”. E ke evidentuar se janë ndërtime informale, respektivisht janë shkelur procedurat që në fillim të procesit. Sapo shkel procedurat në fillim, e gjitha më tutje është asgjësuese. Të gjitha llogaritet si monument, ndërsa nuk janë të regjistruara në Kuvend. Vendimi për ngritjen e përmendoreve është kundërligjor. Madje edhe të ekzistojë si pullë në PDU, sepse është e Qendrës ose Qytetit Shkup, dhe jo në Kuvendin republikan, vendimi është joligjor. Sipas ligjit, komuna mund të ngrejë përkujtimore, nëse është me rëndësi për komunën. Për shembull, për Goran Stefanovski, i rëndësishëm për Debar Mahallën, komuna e Qendrës mund t’i ngrejë monument. Dhe për këtë nuk duhet. Por, nëse thonë se Stefanovskit do t’i bëjnë monument për kontribut për Maqedoninë dhe ngjashëm, atëherë duhet të shkojë nëpërmjet Kuvendit. Kështu që, me “Shkupi 2014” është evidente se bëhej diçka, ndërsa ajo diçka rintë në “sirtar”, thotë Panovski.
Qeveria, nga ana tjetër. e angazhoi Ministrinë e Kulturës, të realizojë procedurë për ri dedikimin e objektit me kompozim skulpturë Nënë Tereza, në pajtim me dedikimet e mundshme të parashikuara në dokumentacionin urbanistik planifikues për parcelën e parashikuar.
“Në konkursin publik duhet të propozohen zgjidhje ideore për ri dedikimin e objektit. Ky vendim i Qeverisë është rezultat i analizave të kryera të cilat treguan se do të shpenzohen më shumë para sesa të rrënohet, në krahasim me mjetet e nevojshme për ri dedikimin e objektit”, njoftuan nga Qeveria për SDK, por tani për tani nuk ka shuma publikisht të qasshme, respektivisht sa para do të nevojiten për ri dedikim, ndërsa sa për rrënimin e objektit.
Gazetari Bojan Bllazhevski, thekson se Shkupi ngel lënde e përqeshjes botërore me vazhdimin e përditshëm të, të ashtuquajturit “Shkupi 2014”. Problem të ngjashëm ka edhe metropoli Rumun Bukureshti, për ku thotë se atraksioni kryesor edhe pas tre dekadave për çdo vizitor të qytetit është të “ndjejë” sa e shëmtuar është godina e Parlamentit të Nikollae Çaushesku.
“Banorët e Bukureshtit aspak nuk janë të gëzuar me përqeshjen që e fiton qyteti i tyre për shkak të :urbanizimit” që e ka bërë diktatori i kaluar. Nuk mendoj se Shkupi do të ketë banorë të gëzuar dhe të kënaqur me ind të pa shëndetshëm të “Shkupi 014”, në vete, në të ardhmen. Pasi të kalojë i gjithë ky revizion i këtij projekti, personalisht mendoj se duhet t’i qaset korrigjimit serioz të qendrës së Shkupit, që nënkupton rrënimin dhe dislokimin e pjesës së madhe të përmendoreve. Shkupit i duhet një muze kushtuar “Shkupi 2014”, ku do të dislokohen pjesë e konsiderueshme e të gjitha atyre përmendoreve dhe skulpturave që janë renditur për momentin në qendër të qytetit. Ky mund të jetë ndonjë objekt i lënë pas dore dhe pse të mos jetë salla e sportit “Partizan” ose ndonjë objekt tjetër i shkatërruar i cili për momentin nuk ka funksion”, thekson gazetari.
Për Bllazhevski, është shumë i gabuar pohimi i qeverisë se kryeministrit Zoran Zaev se një lëvizje e këtillë do të kushtojë shumë para. Një lëvizje e këtillë do të kushtonte disa mijë euro, por, thekson ai, do të na kishte mundësuar mirënjohje ndërkombëtare se jemi ballafaquar me marrëzinë që na ndodhi dekadën e kaluar.
Nga ana tjetër, personalisht jam i mendimit se objektet nga “Shkupi 2014” nuk mund të rrënohen, por do të jetë super nëse intervenohet në to në mënyrë arkitektonike dhe përmbajtjesore. Për shembull, Shkupi ka Muzeun e VMRO-së, por nuk ka Muze arkitektonik ose institucion të veçantë muze që do të tregojë tregimin për solidaritetin jugosllav dhe ndërkombëtar që u shfaq me rindërtimin e Shkupit pas tërmetit.
Arkitektja dhe redaktorja e Parta3, Ragjenoviq Jovanoviq, përkujton se “Shkupi 2014” në mënyrë më të drejtpërdrejtë kapi hapësirën publike dhe autorësinë. U fol shumë për këtë, thotë ajo, por “tani kur menduam se do të fillojë edhe të veprohet, sikur u frikësuam”.
Përpos dislokimit të një përmendoreje (Qoses) asgjë nuk po ndodh. Ndërkaq, përmendoret sipas saj janë pjesa më e lehtë e punës.
“Çfarë bëjmë me objektet? Në veçanti me ato që janë në zonën e ndaluar për ndërtim, në shtratin e Vardarit. Ato objekte janë të rrezikshme, jo funksionale, të pa qëndrueshme dhe duhet mos jenë atje. Sigurisht se rrënimi nuk është popullor dhe nuk është e këndshme të bëhet. Por, tek ne, imagjinoni flitet për përfundimin e urës për rrotën panoramike, pa rrotën. Me arsyetimin se sa kushton rrënimi i saj, as kushton edhe përfundimi i saj, por pa rrotën. Rrënohet vetëm pjesa e metalit të gardhit rreth Qeverisë, ndërsa shtyllat prej betoni dhe pjesët të tjera lihen, që nuk ka rezon. Sigurisht se rrënimi është edhe i shtrenjtë dhe se përsëri populli do të paguajë, por ky problem mund të zgjidhet vetëm në mënyrë radikale”, thekson Ragjenoviq Jovanoviq.
Sipas saj, nuk bëhet fjalë për formësim stilistik të fasadës, kjo është pjesa më e lehtë e problemit. Por për urbanizëm të gabuar dhe jo funksional të objektit. Prandaj, kërkon të kthehet edhe pamja autentike e Qeverisë dhe e objekteve të tjera me fasadë të ndryshuar.
“Vetëm në këtë mënyrë do të tregojmë përgjegjësi. profesionalizëm dhe do të tregojmë se është e pa tolerueshme të bëjë kush çfarë të dojë. Duhet ta çlirojmë qytetin. Shkupi as që është qytet i madh, as nuk ka popullatë milionëshe, por është i ndotur dhe i ngulfatur nga planifikimi i keq dhe nga mos planifikimi, vetëm me mbushjen e hapësirës së zbrazur”, thekson ajo.
Në vend të rrënimit, shfrytëzim social – kulturor të objekteve në Shkup?
Raportet kohë të gjatë sugjerojnë se përderisa zgjat bashkëpunimi ndërmjet formave ndërtimore dhe politikanëve të fuqishëm, të cilët nëpërmjet diskursit politik ushqehen me sloganin “me rëndësi ndërtohet” si PR moment, në gjithë jehonën e ndërtimit harrohet ajo që tani më është ndërtuar.
Në Maqedoni, por në veçanti në Shkup oferta e banesave ka kohë që ka kaluar kërkesën. Indikatori më i mirë për këtë janë raportet e Regjistrit të çmimeve dhe qirave të Kadastrës, të cilat zbulojnë se, edhe pse tregu ka mbi 5.000 banesa të pa shitura, për momentin ndërtohen 10.000 dyfish më tepër, analizoi kohë më parë Meta.
Gjithashtu, në Shkup njëkohësisht, vërehet edhe një pjesë e objekteve të filluara, gjysmë të ndërtuara, të shkatërruara ose ndërtime tekstualisht të harruara si zbukurim në hapësirën publike.
Së këndejmi, u paraqit iniciativa e organizatës “Cultural echoes” për ri përkufizimin e objekteve industriale të braktisura dhe njoftimin e konceptit për trashëgimi industriale. Kjo do të thotë, të gjejnë mënyrë si drejtësish të përdoren kapacitetet hapësinore të cilat i ofrojnë këto objekte të braktisura, si potencial për revitalizimin dhe ri adaptimin e tyre.
Projekti tani më filli me hulumtimin për “Kuprom”, fabrika në Hrom të Shkupit, ku nëpërmjet ngjarjes kulturore dëshiruan të njoftojnë popullatën lokale për gjendjen. Ideja përmban edhe mapimin e objekteve të këtilla.
Në drejtim të mbledhjes së objekteve, gazetari Bojan Bllazhevski thekson se në Shkup kjo është praktikë e pa njohur për publikun intelektual. Për fat të keq, thotë ai, ndërmarrja e hapësirave të braktisura ngel vetëm si praktikë e personave pa shtëpi të tyre dhe e disa familjeve rome që nuk kanë kulm mbi kokë.
Dhe këtu, sipas tij shteti ose komunat nuk kanë çfarë të bëjnë, sepse iniciativa duhet të jetë tekstualisht nga vetë shoqëria civile, nga lëvizje kontra kulturore ose sub kulturore.
Ato do të ishin përgjegjëse për të hyrë në objekte të braktisura, t’i “zaptojnë” me idetë e tyre për organizimin e ngjarjeve të përditshme për banorët lokalë, për punë vullnetare në funksion të aktualizimit të hapësirës së okupuar. Më pas do të vijojë beteja e pronarit të tokës ose pushtetarëve rreth së ardhmes së objektit të shkatërruar.
“Kjo është praktikë botërore, kështu funksionon ose ende funksionojnë “Tovarna Rog” në Lubjanë ose “BIGZ” në Beograd, të cilat kanë energji të madhe mbi objekte të braktisura, ose thjesht në objekte për të cilat personat përgjegjës nuk dinë çfarë të bëjnë me ato për momentin. Për fat të keq Shkupi nuk e ndjek shembullin e tyre, ndërsa jam i mendimit se janë të rralla përjashtimet kur ka pasur përpjekje të bëhet diçka e këtillë. Ndoshta Qendra Autonome Kulturore – Sociale (QAKS) në ndërtesën e hekurudhave ishte diçka më e përafërt me këtë model të “zaptimit” të hapësirave të braktisura”, thekson Bllazhevski.
Bojan Shashevski
* Kjo përmbajtje u përgatit me ndihmën e Bashkimit Evropian në kuadër të Projektit për shprehjen e të rinjve. Përmbajtja edukative e botuar është përgjegjësi e Forumit Rinor Arsimor dhe ajo nuk pasqyron domosdoshmërish pikëpamjet e Bashkimit Evropian.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.