Потребен е посебен закон за регулирање на практиканство сметаат од Стопанските комори во Македонија, незадоволни од тоа како сега е регулирана практиканската работа во земјава во Законот за средно и Законот за високо образование.
На денешната „Дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози“, беа разменети искуства помеѓу сите учесници, со цел да се дојде до заклучоци за надминување на постојните бариери во процесот на законска имплементација и изнаоѓање на соодветни решенија како и подготовки за нов закон како потреба и иницијатива за регулирање на практиканството во нашата земја.
Во Министерството за труд и социјална политика веќе е формирана работна група која работо на првичната верзија на законот. Настанот беше организиран во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива.