Кандидатката на владејачката левичарска партија, Клаудија Шејнбаум е избрана за прва претседателка на Макесико со историска убедлива победа, јавува „Би-Би-Си“.
Официјалната изборна власт на Мексико соопшти дека според прелиминарните резултати 61-годишната поранешна градоначалничка на Мексико сити освоила меѓу 58% и 60% од гласовите на вчерашните избори за претседател.
Тоа ѝ дава предност од речиси 30% пред нејзината опозициска противкандидатка, бизнисменката Чочитл Галвез.
Шејнбаум ќе го замени нејиниот ментор, претседателот во заминување, Анрез Мануел Лопез Обрадор, на 1 октомври.
Таа е поранешен научник во полето на енергетиката, а во својот говор вети дека ќе продолжи да се надоврзува на „напредокот“ кој го направи Лопез Обрадот.
„Нема да ве разочарам“, им порача Шејнбаум на гласачите.
Претседателските избори со двете противкандидатки беа опишани како морска пормена за жените во Мексико.
Но, иако нашироко се прославуваше фактот дека двете главни кандидатки се жени, кампањата не ја одминаа насилни напади.
Покрај за нов претседател, граѓаните гласаа и за членови на Конгресот на Мексико и гувернерите во осум држави, шеф на владата на Мексико Сити и за илјадници локални претставници. Токму локалните кандидати беа мета во пресрет на гласањето. Владата соопшти дека повеќе од 20 луѓе се убиени, иако други истражувања покажуваат бројка за 37 луѓе.
Чочитл Галвез остро ја критикуваше владата и нејзината противкандидатка во претседателската трка за насилството што погодува големи делови од Мексико.
Таа во својата кампања ветуваше дека ќе биде „најхрабриот претседател кој ќе се соочи со криминалот“ доколку биде избрана, но не успеа да соопшти многу детали за тоа како ќе се справи со моќните криминални картели кои стојат за поголемиот дел од насилството.
На Лопез Обрадор кој е на власт од 2018 му беше забрането да се кандидира за втор мандат според уставот на Мексико што ги ограничува претседателите на еднократен шестгодишен мандат. Потоа тој ја поддржа кандидатката Шејнбаум. Неговата популарност како претседател што достигнува до 60% кај населението ѝ даде голема предност на кампањата на Шејнбаум.
Многумина од оние кои гласаа за неа, кажаа дека ја поддржале нејзината програма за ублажување на сиромаштијата. Партијата може да се пофали за тоа колку милиони Мексиканци се извлечени од сиромаштијата во последните шест години. Но, економистите велат дека во ова имаат удел и други фактори како порастот на дознаките што на своите семејства им ги испраќаат Мексиканците кои живеат во странство. Сепак, се чини дека гласачите го поддржаа она што изгледа како победничка формула за справување со сиромаштијата.