Двајца климатски активисти синоќа беа уапсени поради прскање со портокалова боја на античкиот споменик Стоунхенџ, во јужна Англија, пишува „Ал Џезира“.
Премиерот Риши Сунак ја осуди акцијата на групата „Џст Стоп Оил“ и ја нарече „срамен чин на вандализам“.
Инцидентот се случи само еден ден пред илјадници луѓе да се соберат кај споменикот стар 4.500 години за да ја прослават летната краткоденица – најдолгиот ден во годината на северната хемисфера.
🚨 BREAKING: Just Stop Oil Spray Stonehenge Orange
🔥 2 people took action the day before Summer Solstice, demanding the incoming government sign up to a legally binding treaty to phase out fossil fuels by 2030.
🧯 Help us take megalithic action — https://t.co/R20S8YQD1j pic.twitter.com/ufzO8ZiDWu
— Just Stop Oil (@JustStop_Oil) June 19, 2024
Установата Британско наследство, која управува со оваа локација, соопшти дека настанот е „исклучително вознемирувачки“ и дека кустосите ја истражуваат штетата.
Активистичката група „Џст Стоп Оил“ на социјалната мрежа Икс напиша дека бојата е направена од пченкарен скроб и дека ќе се истопи на дожд.
„Џст Стоп Оил“ е една од групите во Англија кои прекинуваат важни настани и со храна и боја прскаат уметнички и културни дела и го сопираат сообраќајот за да го свртат вниманието на прашањето за глобалното затоплување.