Климатските демонстранти бурно упаднаа во португалското Министерство за економија и побараа оставка од министерот Антонио Коста е Силва, пренесува „Гардијан“.
Синоќа во Лисабон, десетици демостранти кои протестирале против климатската криза упаднале во зградата на Министерството за економија и побарале оставка од министерот кој во тој момент имал јавно обраќање.
Стотици демонстранти излегле на улиците во Лисабон поради климатската криза, а десетици од нив упаднале во зградата на Министерството за економија. Актуелниот португалски министер за економија, Антонио Коста е Силва, е поранешен извршен директор во нафтена компанија.
Држејќи транспаренти и извикувајќи слогани, демонстрантите побараа акција против климатските промени. Додека некои од демонстрантите упаднале во зградата, дел од нив пред Министерството извикувале „Излези Коста е Силва!“
Полицајците ги извлекле демонстрантите надвор од зградата. Португалската телевизија „РТП“ објави дека министерот ја напуштил зградата преку задна врата. Министерството за економија одбило да коментира.
Протестот во Португалија се одржа во истовремено додека светските лидери, креатори на политиките и делегати од речиси 200 земји беа собрани на климатскиот самит на ОН Cop27 во Египет, каде што се разговара како да се достигне целта – одбегнување на најлошите последици од климатските промени .