Над 58 проценти од болестите на луѓето се влошиле поради климатските промени, покажува нова студија објавена во списанието Климатските промени на природата.
Истражувањето е спроведено од научници од Универзитетот Мамоа во Хаваи, кои систематски барале примери за тоа како 10-те најчести климатски проблеми, кои се засилуваат поради емисиите на јаглерод диоксид, врз човечките болести. Во својата студија го вклучиле: затоплувањето, сушата, топлотните бранови, шумските пожари, екстремните врнежи, поплавите, бурите, подигањето на нивото на морињата, биохемиските промени и промената во копнената површина.
При нивната анализа на 70.000 научни студии за примери на директна поврзаност помеѓу познатите болести и климатските промени, научниците откриле дека сите овие екстремни климатски феномени, кои стануваат се` почести и посилни поради глобалното затоплување, имаат влијание врз болестите предизвикани од вируси, бактерии, животни, габи и растенија.
Тие заклучиле дека од вкупно 375 анализирани болести, дури 218 биле под влијание на климатските промени.
Поконкретно, научниците откриле дека опасностите поврзани со климатските промени ги приближуваат патогените поблиску до луѓето, со тоа што потоплите температури и повлажните средини, кои се поврзани со повисоки врнежи, претставуваат добри услови за развој на комарците, мувите, птиците и цицачите кои се одговорни за ширење на неколку вируси и бактерии како денга, чума, лајм борелиоза и маларија.
Популациите на комарци особено наоѓаат погодно место на локациите зафатени од големи поплави и бури, што предизвикува раст на патогените кои ги пренесуваат на луѓето, меѓу кои и Западнонилската треска и жолтата треска.
Но, истовремено, климатските промени ги носат и луѓето поблиску до патогените.
Екстремните временски услови предизвикуваат раселување и принудна миграција на илјадници луѓе од некои од најранливите места на светот. Тоа ја зголемува нивната изложеност и контакт на патогените.
Научниците успеале да ги поврзат топлинските бранови со растот на болести кои се пренесуваат преку водата, како на пример Вибрион инфекцијата и стомачните вируси, додека бурите и поплавите исто така се поврзани со ширењето на колера, пневмонија, хепатитис и респираторни и кожни болести.
Патогените стануваат посилни со цел да се приспособат на промената на временските услови, додека нашиот имунитетен одговор е ослабен поради дополнителниот стрес од несигурниот начин на живот и неизвесниот пристап до здравствени услуги по екстремни временски непогоди.
„Гледајќи ги широките последици од пандемијата со КОВИД-19, беше навистина застрашувачки што откривме дека големата здравствена ранливост е резултат на емисиите од стакленички гасови. Постојат премногу болести и патишта за трансмисија за ние да мислиме дека ќе можеме вистински да се прилагодиме на климатските промени. Оваа студија ја потенцира итната потреба да се намалат стакленичките гасови на глобално ниво“, објаснува Камило Мора, професор по географија и водечкиот автор на студијата.