Пештерската уметност се уништува со алармантна брзина како резултат на влијанието од климатските промени, велат истражувачи.
Ова го доловува цртежот на дива свиња нацртан пред 45.500 години на индонезискиот остров Сулавеси – која се смета за најстар цртеж на животно најден во пештера.
Другите пештерски мотиви во регионот кои прикажуваат сцени на лов и натприродни суштества исто така се распаѓаат побрзо со зголемувањето на температурите.
Наодите сигнализираат дека треба да се стори повеќе за да се зачува оваа уметност.
„[Овие уметнички дела] исчезнуваат пред нашите очи“, рече во изјава за медиумите, д-р Џилијан Хантли, од Центарот за социјални и културни истражувања „Грифит“.
Во студија објавена минатата недела, тим од австралиски и индонезиски истражувачи откриле дека зголемените температури и другите екстремни временски прилики – како што се последователни суви денови и тешки монсуни – го забрзале собирањето на соли во пештерските системи во кои се наоѓа уметноста.
Солите се шират и се намалуваат со загревањето и ладењето на околината. Во жешките денови, геолошките соли можат да пораснат трипати повеќе од нивната почетна големина, вели тимот.
Овие кристали на сол, кои растат над и зад карпестата уметност, можат да предизвикаат делови од сликите да се одлепат од ѕидовите на пештерата.
„Итно ни требаат понатамошни истражувања за карпестата уметност и конзервацијата за да ги зачуваме сликите во пештерите од Плеистоцен (епоха) во Индонезија.
Цртежот од дивата свиња нацртан во природна големина се чини дека е дел од наративна сцена пронајдена во пештерата Леанг Тедонгџ во далечна долина на островот Сулавеси. Тој ги дава најраните докази за населувањето на луѓето во овој регион.
Сликата е најстарата уметност во светот што прикажува фигура, но не е најстарата уметност произведена од човекот.
Во Јужна Африка се верува дека е најстариот познат цртеж што го направил човек, создаден пред 73.000 години.