Истражувачите тврдат дека го откриле перфектниот начин да се создаде лозинка која е безбедна, а сепак лесна за паметење.
Кога одбираме заштитна лозинка, се трудиме тоа да биде вистински збор кој може лесно да биде препознаен од компјутерот. Би било многу подобро да се одбере долга комбинација од различни букви и бројки, но таквите безбедни лозинки многу лесно се забораваат.
Колку е полесно лозинката да се запамети, толку е полесно и да се погоди. На пример 12345, која сé уште е една од најпопуларните лозинки, нема да ја заборавите за брзо време, но нема многу да ви помогне да го заштитите својот компјутер и приватноста.
Експертите за безбедност препорачуваат корисниците автоматски да генерираат или одберат некој необичен збор, кој нема да можат да го погодат многу компјутери кои автоматски ги внесуваат лозинките во обид да ги прескокнат најавувањата.
Но, според едно ново истражување, има еден метод за создавање на лозинки кои се многу тешки за пробивање, а сепак лесни за паметење – поезијата.
Во истражувањето, Marjan Ghazvininejad и Kevin Knight тврдат дека лозинките кои имаат метрички ритам и зборови кои се римуваат ќе им овозможи на луѓето лесно да ги запаметат, дури и ако се генерирани по случаен избор и немаат никаков смисол.
Истражувачите посочуваат на слика создадена како дел од XKCD, популарен онлајн стрип серијал. Во него, авторот Randal Monroe вели дека иако луѓето настојуваат да избираат чудни зборови како лозинка, всушност би било многу посигурно да се избираат подолги и „рандом“ комбинации на зборови, како „correct horse battery staple“.
Комбинацијата на овие зборови прави да биде полесно да се запаметат. Корисниците можат да раскажат приказна во себе во која ги има сите четири зборови, и потоа да ја искористат таа приказна да ја запаметат сопствената лозинка.
Истражувачите употребиле сличен метод, но наместо приказна со неповрзани зборови, како метод ја одбрале поезијата. Смислиле мали и понекогаш невообичаени и бесмислени поеми, како „ Sophisticated potentates, misrepresenting Emirates“. Поради способноста на луѓето да паметат поеми, бесмислените и тешки за погодување лозинки се сепак лесни за паметење.
Освен тоа, ваква лозинка може да се смисли и без алгоритам. Било кои четири зборови кои се римуваат и имаат поетски ритам се побезбедни од еден збор.
Истражувачите велат дека во иднина компјутерите ќе можат да генерираат пореалистична и полесна за паметење поезија. Ќе можат и да „копаат“ податоци во електронската пошта за да создадат автоматски лозинки кои се лични и поради тоа, полесни за паметење.
Извор: Independent