Како дел од активностите за одбележување десетгодишнината од своето постоење, НВО Инфоцентар во соработка со Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) организираше промоција на книгата „Водич на мислителот за логички грешки – уметноста на менталните итроштини и манипулацијата“, од авторите Ричард Пол и Линда Елдер.
Авторските права за книгата ги отстапи американската Фондација за критичко мислење, а преводот на македонски јазик го направи Гордана Стошиќ. Публикацијата е испечатена во тираж од 550 примероци, а печатењето финансиски го поддржа Фондацијата Отворено општество.
Книгата нема да се продава, туку, ќе се користи во едукативни цели, а ќе им биде достапна електронски и на сите заинтересирани граѓани и активисти.
Книгата може да се симне на следниот ЛИНК.