Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Претходната година беше плодна за книжевноста, а особено расцути (по)младата книжевна сцена. Ако во 2022 се разбранува младата музичка сцена, во 2023 година дебитираа многу млади автор(к)и чии стихови и текстови донесоа свежина, а кои можевме да ги слушаме на повеќе нови и стари книжевни собиранки и настани.
Младата генерација автори годинава се претстави на Струшките вечери на поезијата каде беше промовирана и книгата „Ново раѓање на зборот“ – антологија на современата македонска поезија во која се застапени 42 поети и поетеси родени помеѓу 1991 и 2004 година. Антологијата беше промовирана и на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ и на Скопскиот поетски фестивал, а младите поети имаа простор да се претстават на во рамките на секој од овие фестивали.
Во кафе-книжарницата „Буква“ како и претходно, и во 2023 година имаше бројни книжевни случувања, а меѓу нив се и неколкуте изданија на поетска епизода – читање кое го организираат млади, а на кое настапуваат поети од различни генерации. Во текот на годината имаше повеќе книжевни и поетски читања кои се движеа на релација – од аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, преку новиот студентски културен центар, па до Куманово каде клубот на млади поети организираше настан на кој се собраа млади од различни градови. Кон крајот на годинава се појави уште еден убав настан – „Клинци“ во организација на младинското културно здружение „Култура Бета“, каде младите книжевници настапија инспирирани од изреката „Ништо не прават децава денес…“, а читаа авторска поезија и проза.
Во прилог на овие настани, подготвивме листа на книги од млади кои се изнедрија оваа година, а кои може да се погодни за зимскиот распуст/празничен одмор.
1. „Омарнина што омалаксува“ од Марија Велинова
Втората стихозбирка на Марија Велинова беше промовирана на 13 мај 2023 година. Станува збор за поетско дело што во своите слоеви, како што пишува Владимир Мартиновски, го има дијалогот како со експресивните можности на македонскиот поетски јазик, така и со поетската традиција, а во прв ред лириката на Ацо Шопов, која е дискретно присутна во дел од нејзините највпечатливи остварувања.
Книгата е во издание на „ПНВ Публикации“.
2. „Карпа во морето“ од Павлина Атанасова
Втората стихозбирка на Павлина Атанасова излезе во мај 2023 година.
„Поезијата на Павлина Атанасова е од тие што ве тераат и вие да пишувате. Сликите создаваат слики, ритамот – ритам. Спокојно му е на читателот во нејзините соништа и во нејзините води. Сè поретко ми се случува, како што сега ми се случува, тоа што ќе го прочитам да ме остави со чувство на смисла“, пишува поетот Ѓоко Здравески.
„Карпа во морето“ е во издание на „ПНВ Публикации“.
3. „Сложувалка“ од Васил Ханџиски
„Сложувалка“ е дебитантска поетска збирка на Васил Ханџиски.
„Поделена во пет делови, стихозбирката ‘Сложувалка’ е рефлексија на љубовта, домот и неговото напуштање, градовите и луѓето во нив, странствувањето и осаменоста, љубовта кон девојката, но и кон ракијата. Авторот ги поставува стандардните младешки прашања поврзани со овие теми, се осврнува на личните чувства, но и во неколку наврати упатува критика кон ова ‘општество што тоне во бездна’. Почнувајќи со алкохолот, минувајќи низ љубовта и домот, а завршува со себепромислување и опишување на другите, оваа збирка е своевидна панорама на она што значи младоста – јас во себе и сè околу мене“, пишува Андреј Медиќ Лазаревски за книгата.
Книгата беше промовирана на 20 јули, а е во издание на „ПНВ Публикации“.
4. „Номадски затвори“ од Ивана Јовановска
„Ивана Јовановска е поетеса на уморот. Таа е првиот нецвет што гледајќи ги цвеќињата во вазните, здогледала колку се уморни: „зелени вазни за надеж полни со уморни цветови“. Вазни за надеж, вели таа, со цветови уморни од нивната самопожртвуваност во служба на нашата надеж“, вели за авторката германскиот поет Микаел Фогел.
Стихозбирката, како што пишува поетесата Јулијана Величковска, е книга за растењето, за созревањето, за себепронаоѓањето додека се огледуваме во другиот, додека се огледуваме во сите парченца скршени внатрешни огледала.
Книгата е во издание на „ПНВ Публикации“, а може да се најде во кафе-книжарницата „Буква“.
5. „Ноќта сè знае“ од Викторија Ангеловска
„Ноќта сè знае“ е второ поетско остварување на младата поетеса Викторија Ангеловска. Јулијана Величковска која беше и промотор на книгата ја опишува како „брејкап плоча“.
„Книга што говори за ноќта што ги осветлува нашите мрачни страни, за ноќта пред која нема маски, ноќта што знае сѐ за нас: нашите болки, нашите трауми од детството, нашите љубови и нашата немоќ да одржиме здрави врски со себе и со другите… но и покрај тегобната атмосфера што ја градат стиховите, сеприсутна е детската нежност, наивност и желбата постојано да си ги преуредуваме нашите внатрешни ѕидови во обид на скршеното да му се даде некаква смисла, некаква суштина“, истакнува Величковска.
Книгата е во издание на „ПНВ Публикации“, а е поддржана од Министерството за култура.
6. „Мајката на светот“ од Марија Светозаревиќ
„Мајката на светот“ е уште една поетска ѕвездичка што годинава ѝ се приклучи на младата книжевна сцена.
„Поезијата на Марија Светозаревиќ е во ран цут од која наѕираат фидани од кои допрва ќе зреат плодови, а истовремено е себе-конструктивистичка со суптилни архитектурни решенија, за секоја песна поединечно, со цел да се долови недостижното“, пишува поетот Перица Сарџоски.
Збирката излезе во декември 2023 година.
7. „Ронлива“ од Милена Сиљаноска
Дебитантскиот роман на Милена Сиљаноска беше промовиран на 20 декември 2023 година.
„’Ронлива’ не е потрага по внатрешниот глас. Потрагата е веќе завршена, патот до другото јас е веќе раскопан и отворен благодарение на долготрајното и макотрпно длабење во себе. И по тој пат сега потекуваат избликнатите зборови што неизоставно бараат да бидат слушнати и запишани – запишани во дневникот на Лени, запишани во романот на Милена. На тој начин, овој роман станува дијалог со другиот глас во себе, со Другата што живее паралелно со реалната авторка која ги запишува зборовите со својата рака, која „е само медиум на уметноста што ни е дадено да ја создаваме“, пишува поетесата Виолета Танчева-Златева.
Книгата е во издание на Издавачки центар „ТРИ“.
8. „Ѕвонливи тишини“ од Верица Мукоска
„Ѕвонливи тишини“ е четврта книга на младата авторка која ја доби наградата „Бели мугри“ за 2023 година што се доделува во рамки на поетската манифестација „Денови“.
9. „Издигнување“ од Игор Раиден
На самиот крај на претходната година издавачката куќа „Темплум“ ја додели наградата „Новите!“ на научнофантастичниот роман „Издигнување“ од Игор Радиен за најдобар дебитантски прозен ракопис за 2023 година.
„Романот Издигнување е составен од 18 хронозаписи кои заедно ја градат содржината на датотеката број 1: една меѓу многуте непознати датотеки кои ќе предизвикаат неповратни промени во системот. Во визијата за иднината претставена низ хронозаписите, Земјата и Земјаните се поставени во интергалактички контекст од разновидни планети и вонземјани меѓу кои не владеат мир и хармонија, туку војни, конфликти и желба за превласт и освојување. Поради ова и со намера да се воспостави мир, доаѓа до невообичаена средба меѓу претставниците на Залионите, едни од нападнатите народи во интергалактичкото Единство наречено Ајнерхи, и Земјанин по име Рајан кој е повикан на предизвикувачка мисија во Вселената“, стои во соопштението за наградата.
*Изданијата се подредени според датумот на објавување.
Ангела Бошкоска
-
Libra nga autorë të rinj të cilët u botuan në vitin 2023
Viti i kaluar ishte i frytshëm për letërsinë, ndërsa posaçërisht lulëzoi skena letrare e (më) të rinjve. Nëse në vitin 2022 mori hov skena muzikore e të rinjve, në vitin 2023 debutuan shumë autorë/e të rinj, vargjet dhe tekstet e të cilëve sollën freski, të cilat patëm mundësi t’i dëgjojmë në disa tubime dhe ngjarje të reja dhe të vjetra letrare.
Gjenerata e re e autorëve u prezantua këtë vit në Mbrëmjet Strugane të Poezisë, ku u promovua edhe libri “Një lindje e re e fjalës” – antologji e poezisë bashkëkohore maqedonase në të cilën janë përfaqësuar 42 poet dhe poete të reja, të lindura mes viteve 1991 dhe 2004. Antologjia u promovua edhe në festivalin “Natë poetike në Velestovë” dhe në Festivalin Poetik të Shkupit, ndërsa poetët e rinj kishin hapësirë të prezantohen në kuadër të secilit prej këtyre festivaleve.
Në librarinë – kafenenë “Bukva (Shkronja)”, sikurse edhe më herët, edhe në vitin 2023 kishte zhvillimeve të shumta letrare, ndërsa në mesin e tyre edhe disa botime të episodit poetik – lexim të cilin e organizojnë të rinjtë dhe në të cilën marrin pjesë poetë të gjeneratave të ndryshme. Gjatë vitit kishte më shumë lexime letrare dhe poetike, të cilët qarkulluan në relacionin nga salla e Fakultetit Filologjik “Bllazhe Koneski” në Shkup, përmes qendrës së re kulturore dhe deri në Kumanovë, ku klubi i poetëve të rinj organizoi ngjarje në të cilën u mblodhën të rinj nga qytete të ndryshme. Kah fundi i vitit, u mbajt edhe një ngjarje e bukur – “Klinci” më organizim të shoqatës së re kulturore “Kultura Beta”, ku shkrimtarët e rinj performuan të frymëzuar nga thënia “Fëmijët nuk bëjnë asgjë sot…”, ndërsa lexuan poezi dhe prozë autoriale.
Përpos këtyre ngjarjeve, ne kemi përgatitur edhe një listë të librave nga të rinjtë të botuar këtë vit, ndërsa të cilat mund të jenë të përshtatshme për t’u lexuar gjatë pushimit dimëror apo gjatë festave.
1.“Vapa që të plogështon” nga Marija Velinova
Përmbledhja e dytë me poezi e Marija Velinova u promovua më 13 maj të vitit 2023. Bëhet fjalë për një vepër poetike që, siç shkruan Vlladimir Martinovski, në llojet e saja ka dialogun sime mundësitë ekspresive të gjuhës poetike maqedonase, ashtu edhe me traditën poetike, ndërsa në rend të parë lirikën e Aco Shopovit, e cila është e pranishme në mënyrë diskrete në një pjesë të realizimit të saj më mbresëlënës.
Libri është botuar nga “Botimet PNV”
2.“Shkëmb në deti” nga Pavlina Atanasova
Përmbledhja e dytë poetike e Pavlina Atanasovës doli në maj të vitit 2023
“Poezia e Pavlina Atanasovës është prej atyre që të nxisin edhe ty të shkruash. Fotografitë krijojnë fotografi, ritmi – ritëm. Lexuesi është i rehatshëm në ëndrrat e saja dhe në ujërat e saj. Më ndodhë gjithnjë e më rrallë, siç më ndodhë tani, që atë që e lexojë të më lërë një sens kuptimi”, shkruan poeti
“Shkëmb në deti” është botim i “Botimeve PNV”
3.“Puzzle” nga Vasil Hanxhiski
“Puzzle” është një përmbledhje poetike debutuese e Vasil Hanxhiskit
“E ndarë në pesë pjesë, përmbledhja poetike “Puzzle” është reflektim i dashurisë, shtëpisë dhe braktisjes së saj, qytetet dhe njerëzit në to, migrimit dhe vetmisë, dashurisë ndaj vajzës, por edhe ndaj rakisë. Autori i parashtron pyetjet standarde rinore në lidhje me këto tema, flet për ndjenjat personale, por edhe në disa raste drejton kritika ndaj kësaj “shoqërie që fundoset në humnerë”. Duke filluar me alkoolin, duke kaluar përmes dashurisë dhe shtëpisë dhe duke përfunduar me vetë-reflektim dhe përshkrim të të tjerëve, kjo përmbledhje është një panoramë e llojit të vet të asaj që nënkupton rini – unë me veten time dhe gjithçka rreth meje”, shkruan Andrej Mediq Llazarevski për librin.
Libri u promovua më 20 korrik, ndërsa është botim i “Botimeve PNV”
4.“Burgje noamde” nga Ivana Jovanovska
“Ivana Jovanovska është poetesha e parë e lodhjes. Ajo është e para jo-lule që duke parë lulet në vazo, pa se sa të lodhura ishin: “vazo të gjelbërta për shpresë të mbushura me lule të lodhura”. Vazo për shpresë, thotë ajo, me lule të lodhura nga vetësakrifikimi i tyre në shërbim të shpresës sonë”, thotë çër autoretn poeti gjerman Mikale Fogel.
Përmbledhja e poezive, siç shkruan poetja Julijana Veliçkovska, është një libër për rritjen, për pjekurinë, për gjetjen e vetvetes derisa e shohim veten te tjetri, derisa shohim veten te të gjitha pjesët e thyera të pasqyrave të brendshme.
Libri është botim i “Botimeve PNV”, ndërsa mund të gjendet në kafenenë – librarinë “Bukva (shkronja)”.
5.“Nata di gjithçka” nga Viktorija Angellovska
“Nata di gjithçka” është vepra e dytë poetike e poetes së re Viktorija Angellovska, Julijana Velliçkovska e cila ishte promotor i librit, e përshkruan si “pllakë breakup”.
“Libri i cili flet për natën qëi ndriçon anët tona të errëta, për natën para së cilën nuk ka maska, nata që di gjithçka për ne: dhimbjet tona, traumat tona të fëmijërisë, dashuritë tona dhe pafuqinë tonë të mbajmë lidhje të shëndosha me veten dhe me të tjerët… por edhe përkrah atmosferës së trishtë që krijojnë vargjet, është e gjithëpranishme butësia fëmijërore, naivitete dhe dëshira që vazhdimisht t’i rirregullojmë muret tona të brendshme në tentim që t’i jepet ndonjë kuptim të asaj që është thyer”, tha Veliçkovska.
Libri është botim i “Botimeve PNV”, ndërsa është mbështetur nga Ministria e Kulturës
6.“Nëna e botës” nga Marija Svetozareviq
“Nëna e botës” është edhe një yll poetik që këtë vit i’u bashkangjit skenës së letërsisë së të rinjve. “Poezia e Marija Svetozareviq e një lulëzimin e saj të hershëm nga të cilat po dalin fidane prej të cilave më pas do të piqen fruta, ndërsa po ashtu është vet – konstruktive me zgjidhje subtile arkitekturore, për çdo poezi veçmas, me qëllim që të kapet e paarritshmja”, shkruan poeti Perica Sarxhoski.
Përmbledhja u publikua në dhjetor 2023
7.“E brishtë” nga Milena Siljanoska
Romani debutues i Milena Siljanoskës u promovua më 20 dhjetor të vitit 2023.
Romani “E brishtë” është në kërkim të zërit të brendshëm. Kërkimi veç më ka përfundur, rruga drejt një uni tjetër është gërmuar veç më dhe është hapur falë thellimit afatgjatë dhe të mundishëm në vetvete. Dhe përgjatë kësaj rruge rrjedhin fjalët shpërthuese, që në mënyrë të pashmangshme kërkojnë të dëgjohen dhe shkruhen – të shkruara në ditarin e Lenit, të shkruara në romanin e Milenës. Në atë mënyrë, ky roman shndërrohet në dialog me zërin tjetër në vete, me tjetrën që jeton paralelisht me autoren reale e cila i shkruan fjalët me dorën e saj, e cila “është vetëm medium i artit që na është dhënë ta krijojmë”, shkruan poetesha Violeta Tançeva – Zllateva.
Libri është botim i Qendrës Botuese “TRI”.
8.“Heshtje kumbuese” nga Verica Mukoska
“Heshtje kumbuese” është libri i katër i autores së re e cila ka fituar çmimin “Agime të bardha” për vitin 2023, që ndahet në kuadër të manifestimit poetik “Ditë”.
9.“Ngritja” nga Igor Radien
Në vet fundin e vitit paraprak, shtëpia botuese “Templum” i ndau çmimin “Të ritë!” romanit fantastiko shkencor “Ngritja” nga Igor Radien për dorëshkrim më të mirë debutues për vitin 2023.
“Ramoni Ngritja përbëhet nga 18 afate kohore të cilat së bashku e ndërtojnë përmbajtjen e skedarit numër 1: njëri nga skedarët e shumtë të panjohur, që do të shkaktojnë ndryshime të pakthyeshme në sistem. Në vizionin për ardhmërinë të përfaqësuar përmes afateve kohore, toka dhe tokësorët janë vendosur në kontekst intergalaktik nga planete të llojllojshme dhe jashtëtokësor mes të cilëve nuk mbizotëron paqe dhe harmoni, por luftëra, konflikte dhe dëshirë për mbisundim dhe pushtim. Për shkak të kësaj dhe me qëllimin që të vendoset paqe, vjen në një takim të jashtëzakonshëm mes përfaqësuesve të zalionëve, njëri nga popujt e sulmuar në unitetin intergalaktik i quajtur Ajnerhi dhe një tokësori me emër Rajan, i cili ftohet në një mision sfidues në Gjithësi”, thuhet në njoftimin e çmimit.
Angela Boshkoska