Благодарение на тоа што им дозволи на луѓето да читаат без да треба да ги купат книгите, книжарницата „Dunnan“ на ланецот „Eslite“ во Тајпеј се претвори во вистинска туристичка атракција и омилена ноќна дестинација за локалните жители.
Најголемата гужва во книжарницатае помеѓу 22 и 2 часот по полноќ. Во тајпејскиот „Eslite“, најголемиот ланец на вакви објекти во Тајван, во текот на ноќта доаѓаат „бубалици“, хипстери, па дури и родители и деца. Поради гужвата, посетителите седат по ќошињата, на скалите, и читаат книги.
„Доаѓам овде три до четири пати неделно. Во саботите доаѓам напладне и останувам до 4 часот по полноќ“, вели Yao Hong, 31-годишна службеничка.
„ Сум излегувала и по барови, но не ми се допаѓааат. Јас сакам да читам. Овде можам да ги читам книгите што ги сакам и никој да не ми додева“, додава таа.
Она што ги привлекува посетителите не е само големата селекција книги, околу 250,000 само во книжарницата во Тајпеј, туку и можноста да ги читаат книгите без да се бара од нив да ги платат. Но, како компанијата која има 42 книжарници во Тајван и една во Хонг Конг успева да работи кога нејзините читатели ја користат како библиотека? Одговорот е едноставен, во состав на книжарницата Тајпеј има винарска визба, локал за чај, бутици, ликал за храна и кафуле.
Тајпеј како град нуди 24-часовна забава, од караоке барови, до конвенционални објекти како ресторани и барови. Но, ништо не се претвори во институција и обележје на градот како „Eslite“, јавува Гардијан.